Македонија
Ципрас: Време е да пееме повторно среќни песни на Балканот
Денеска, овде на Преспанското Езеро почнуваме да пишуваме нова среќна песна, изјави грчкиот премиер, Алексис Ципрас.
Тој за време на обраќањето откри дека е љубител на балканската музика.
„Дојде време повторно да пееме среќни песни на Балканот, а денеска се прават првите смели чекори во овој правец. Една таква нова песна, започнуваме да пишуваме тука во Преспа. Нашата цел е оваа радосна песна да ја пеат низ вековите многу идни генерации, на нашиот и ваш јазик, на нашата и вашата земја, нашиот и вашиот народ. Песната која ќе го слави мирот“, порача Ципрас.
Грчкиот премиер оцени дека состанокот во Преспа е историски и рече дека заедно со премиерот Зоран Заев ја исполнуваат нивната патриотска должност.
Ципрас ги повика граѓаните на двете земји да го прифатат договорот без предрасуди.
Грција и Македонија денеска го потпишаа договорот со кој се предвидува новото име на земјава да биде Република Северна Македонија. Договорот за решавањето на македонско-грчкиот спор и стратешкото партнерство меѓу Македонија и Грција го потпишаа шефовите на дипломатиите, Никос Коѕијас и Никола Димитров, во присуство на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

