Македонија
ЦУК: „Бехтел и Енка“ со блудожер помогна да стопираме голем шумски пожар кај Кичево
Моќен булдожер или багер може да заврши поголема работа и од хеликоптер, доколку условите на теренот дозволуваат негово движење за изработка на доволно широк противпожарен појас кој огнот не може да го помине.
Во борбата со огнената стихија која почнувајќи од минатиот месец ја зафати Македонија, секоја помош е добредојдена. ЦУК во таа насока континуирано барале помош на локално и на централно ниво, од домашни и странски градежни компании кои располагаат со тешка градежна механизација.
„На големо задоволство на Главниот штаб за управување со кризи, помош во градежна механизација ни понуди компанијата Бехтел и Енка, изведувач на проектот за автопатите Коридор 8 и Коридор 10. На конструктивна средба помеѓу директорот на ЦУК. Стојанче Ангелов со претставници на Бехтел и Енка беше договорена нивна брза реакција доколку за гаснење на некој пожар се појави потреба од нивната градежна механизација“, велат од ЦУК.
Во средата попладне, од Бехтел и Енка побарале итно да помогнат со моќен багер за проширување на пристапниот пат и ископување широк противпожарен појас околу воен објект над густо населената област кај селото Челопеци во општина Кичево, за да се спречи ширењето на големиот пожар на отворен простор. Набргу потоа багерот бил донесен на потребната локација, веднаш започнале со работа и рекордно брзо го изработиле потребниот појас.
Бехтел и Енка, исто така во четвртокот наутро (8 август 2024 г.) ја распоредила својата опрема од трасата на Коридорот 8 во Делница 2, за да го ограничи и сузбие пожарот во непосредна близина на бачилото во селото Бањица, општина Гостивар.
„Голема благодарност до Бехтел и Енка“ за нивната отвореност за соработка како и брзата реакција со која беше спречено ширењето на овие застрашувачки пожари“, велат од ЦУК.
Ги повикаа и останатите домашни и странски компании, доколку се во можност, со своите ресурси да помогнат во борбата против огнената стихија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

