Македонија
ЦУК: Викендов имало вкупно 20 пожари на отворено, утрово нема активни пожари
Според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), кои се добиени како извештаи од надлежните институции во Системот за управување со кризи (СУК), во саботата имало шест, а вчера, како и секоја недела во октомври 0 најмногу, конкретно имало 14 пожари и една лажна дојава за пожар на отворен простор во државата.
Практично, во двата дена од последниот викенд во октомври годинава, во саботата и неделата, имало вкупно 20 пожари на отворено. Но, пожарникарите сите ги изгаснале. Активни пожари утрово нема, извести ЦУК.
Инаку, изгаснатите 14 вчерашни пожари, при што гореле стрништа, сува трева, депонија, ниска вегетација и гранки од сеча, биле во општините: Велес, кај село Иванковци; Валандово, кај с. Марвинци; Струмица, кај с. Баница; Кичево, кај с. Осломеј; Неготино, кај месноста Чоркова Чешма; Кривогаштани, кај пречистителната станица на излезот кон Прилеп; Старо Нагоричане, кај истоименото с. Старо Нагоричане; Штип, во месноста Мирјанина Црква; Тетово два пожара, кај с. Теарце (ниска вегетација) и кај с. Ратае и во општина Куманово имало четири пожари, кај с. Речица, с. Оризаре, с. Горно Коњаре и кај с. Пчиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стабилно и студено со ниски утрински температури
Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредниот период
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен приклучок Ф200мм. на улица Титовелешка бб.со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата Маџир Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Сообраќајка на патот Прилеп-Битола, сообраќајот во прекин
Од 21 часот сообраќајот на регионалниот пат Р – 1101 Прилеп – Битола кај селото Тополчани е во прекин.
Како што соопшти АМСМ во вонредниот извештај, прекинот е поради случена сообраќајна несреќа.
Во моментов нема податоци за учесниците во несреќата, ниту за можни повреди.

