Македонија
ЦУК: Во последните 24 часа имало вкупно 35 пожари, а активни се уште два

Центарот за управување со кризи соопшти дека во текот на последното деноноќие во државава биле регистрирани вкупно 35 пожари.
Оттаму велат дека утрово активни се само два пожари и тоа во Македонски Брод, близу селото Белица, кај месноста „Аргулица“. Таму гори ретка борова шума на тешко пристапен терен.
Вториот пожар е во Општина Боговиње, кај Ново Село, кадешто гори мешана шума и ниска вегетација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинува во 06.10 часот, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонијапат.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремено засилен ветер, претпладне услови за слаб снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито со температури под просекот за овој период од годината. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, на денеска поради санирање појавен дефект на водоводна мрежа со пречник Ф-1 цол на улицата Ванчо Мицков бр. 18, во општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на интервенцијата.