Македонија
ЦУК: Вчера имало вкупно 30 пожари на отворено, од кои 5 сè уште се активни
Центарот за управување со кризи извести дека вчера имало вкупно 30 пожари на отворено, од кои се изгаснати 25, според добиените известувања до утрово во Секторот за операции и координација во ЦУК.
Активни пожари има пет, според известувањата до утрово, во:
– општина Битола, 1 пожар с. Новаци (каде што горат ниска вегетација и стрниште);
– општина Долнени, 2 пожара, с. Рилево (ниска вегетација и деградирана шума) и с. Кошино (ниска вегетација и деградирана шума);
– општина Гостивар, 1 пожар помеѓу селата Горно Јеловце, Долно Јеловце и Дебреше (пасишта) и во
– општина Куманово, 1 пожар спроти мотелот „Романовце“ на автопатот Куманово – Скопје (каде што гори ниска вегетација);
Изгаснати се 25 пожари на отворено, од кои пет на територијата на град Скопје.
Како што информира регионалниот ЦУК Скопје, со вкупните противпожарни дејства на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје врз пожарите на отворено: во период од 11.20 до 13.30 часот со едно ПП-возило и три пожарникари интервенирале во гаснење запалена ниска вегетација и отпадоци на површина од 3.000 м2 во населбата Илинден (општина Илинден); од 13.10 до 15.30 часот со четири ПП-возила и 11 пожарникари интервенирале во запалена ниска вегетација на површина од два хектара на улицата Љубланска (општина Карпош); од 13.55 до 14.55 часот со едно ПП-возило и два пожарникара интервенирале врз запалена ниска вегетација и грмушки во населеното место Трубарево (општина Гази Баба); од 16.20 до 18.20 часот со две ПП-возила и пет пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, куќа и сандаци за пчели на површина од 10 хектари во населеното место Лисиче (општина Аеродром) и во период од 16.30 до 17.50 часот со едно ПП-возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и отпадоци во двор од куќа во месноста Бутелски Венец (општина Шуто Оризари).
Другите пожари на отворено во државата биле во:
– општина Прилеп, 4 пожари, покрај улицата Леце Котески кај затворот (ниска вегетација), кај фабриката „11 Октомври“ (трева и отпадоци), с. Црнилиште (стрниште), с. Забрчани (ниска вегетација);
– општина Кривогаштани, 1 пожар, с. Боѓани (ниска вегетација и отпадоци);
– општина Струмица, 1 пожар, с, Бориево (ниска вегетација и пластеници);
-општина Кичево, 2 пожара, с. Арангел (ниска вегетација и стрниште), и с. Туин (ниска вегетација и стрниште);
-општина Струга, 3 пожари, кај кампот „Ас“ , кај реката Сатеска (стрниште), с. Долно Белича (стрниште), и с. Подгорци (стрниште);
– општина Куманово, 2 пожара, с. Никуљане (ниска вегетација), и с. Ваксинце (ниска вегетација и стрниште);
– општина Липково, 1 пожар, с. Никуштак (ниска вегетација);
– општина Крива Паланка, 1 пожар, с. Градец (ниска вегетација, нискостеблеста шума, багрем, бор и овоштарници);
– општина Ранковце, 1 пожар, с. Опила (ниска вегетација и багрем);
– општина Тетово, 3 пожари, с. Дебарце (депонија), автопатот Тетово – Гостивар кај с. Боговиње (стрниште) и с. Ларце (ниска вегетација) и во
– општина Чашка, 1 пожар – помеѓу с. Долно Јаболчиште и с. Дреново (каде што гореле нискостеблеста деградирана шума и дабова шума).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
РСБСП Апелира: Возете внимателно и одговорно во зимски услови!
Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови.
„Направете проверка на возилото која вообичаено опфаќа: проверка антифриз, нивото на гориво, состојба на бришачите и течноста за ветробранското стакло, состојбата на акумулаторот и состојбата и притисокот на пневматиците“.
РСБСП апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, навреме да се информираат за состојбата на патиштата и нивната проодност, да ја прилагодат брзината на движење според условите и состојбата на патот, да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата – со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Истражувањата покажуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание за време на управување со возилото.
Затоа, РСБСП упатува јасен апел: Само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата – секој живот е важен.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.

