Македонија
ЦУК: Шест активни пожари, викендов имало вкупно 70
Центарот за управување со кризи извести дека вчера имало 31 пожар на отворен простор, според податоците од Секторот за операции и координација во ЦУК. При тие пожари гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана, а и борова шума и неколку депонии. Инаку, заедно со саботните 39 пожари, викендов имало вкупно 70 пожари, за еден помалку од минатиот викенд кога имаше 71 пожар.
До утрово активни пожари од последното деноноќие, според извештаите што се стигнати во ЦУК, има уште шест. Тие се во: општина Македонски Брод кај селото Белица (каде што горат ниска вегетација и нискостеблеста шума); општина Чашка, кај село Горно Јаболчиште (ниска вегетација и шума); општина Кривогаштани и Крушево, кај село Подвис, каде што пожарот се проширил кон селата Алдинци и Норово и горат ниска вегетација и шума; општина Свети Николе, помеѓу селата Ерџелија и Мустафино (горело сува трева); општина Градско, село Згрополци (сува трева) и во општина Илинден: во близина на рафинеријата (каде што горела ниска вегетација и најверојатно утрово е изгаснат).
Од вчерашните 31, изгаснати се 25 пожари и тие биле на целата територија на државата, конкретно во:
– општина Ново Село, кај село Зубово (каде што горела сува трева и ниви);
– општина Сарај: село Бојане (стрниште и отпадоци);
– општина Чучер Сандево: село Визбегово (сува трева и отпадоци);
– општина Центар: покрај ул. „Лазар Личеноски“ (отпадоци);
– општина Битола: село Ивањевци (сува трева);
– општина Демир Хисар: село Бучин (сува трева);
– општина Прилеп, кај селата Мало Рувци, село Алинци, село Канатларци и село Арланци (ниска вегетација и ниска шума);
– општина Струга, кај село Враништа (нива и овошни садници) и кај село Ложани (сува трева);
– општина Македонски Брод, село Девич, местото викано Бабин дол (ливади);
– општина Велес: село Долно Оризари (сува трева и трње и дел борова шума);
– општина Свети Николе, покрај улица „Едвард Кардељ“ (сува трева) и кај село Крушица (сува трева);
– општина Штип, кај месноста „Суитлак“ (сува трева и напуштено лозје) и кај населбата „Три Чешми“ (сува трева);
– општина Берово, село Двориште (нискостеблеста шума и сува трева);
– општина Пробиштип: село Драч (сува трева);
– општина Куманово: село Никуштак (сува трева);
– општина Крива Паланка: село Градец, м.в.Мочиште (сува трева и борова шума);
– општина Кратово: село Живалево (сува трева);
– општина Желино: село Рогле (сува трева) и во
– општина Гостивар, кај местото „Стадионот“; населба „Дутлок“, кај село Речане и кај село Чегране (запалени стрништа и сува трева).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа
„Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени. Судските случаи се кроеја по политичка мерка. Наместо правда, имавме политички пресметки, а наместо владеење на право, имавме владеење на страв“, истакна тој.
Членови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Манасиевски, беа предмет на политички прогон, а притисокот не застануваше само на нив, се одеше и кон нивните семејства.
„Тоа не беше борба за правда, туку демонстрација на сила. Случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска е само еден од симболите на тој систем. Поранешниот врховен судија Катевеновски јавно посочи дека таа немала никакво сторено кривично дело. Кога предметот стигнал до него, на рочиште зад затворени врати јасно кажал дека нема да даде позитивно мислење за притвор и дека одлуката ќе ја координира заедно со неговите колеги. Но, разговорот со колегите никогаш не се случил. Утредента, на седница на Судски совет, која била свикана по насока на тогашната власт, судијата Катевеновски бил разрешен. Разрешен бил поради тоа што не постапил по политичка директива. Тоа е вистинското лице на Зоран Заев и на СДС. Ветуваа вистина и правда, а испорачаа селективност, криминал и корупција. Оние кои зборуваа за независно судство, создадоа зависно правосудство“, рече тој.
Според Манасиевски, денес, клопчето се одмотува.
„Сведоштвата стануваат сè погласни. Индициите и сомнежите за директна поврзаност помеѓу СДС, Заев и одредени одлуки во правосудството не смеат да останат без одговор. ЈО има обврска да постапи. Затоа што вистината, колку и да се прикривала, секогаш излегува на површина“, заклучи Манасиевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен
„Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По насока на СДС и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се реазрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под нивна контрола.
Таков е и примерот на поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски кој тоа отворено, пред целата македонска јавност, го кажува.
Во свое телевизиско гостување, Катевеновски тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашната власт и коалициски партнери СДС и ДУИ.
Станува збор за судско рочиште на кое поранешниот судија истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и дека за тоа ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие.
После само еден ден од оваа негова изјава Судски совет свикал итна седница на која експресно бил разрешен иако, како што вели Катевеновски, изјавата била дадена зад затворени врати.
Тој посочува дека неговото разрешување не било случајно, туку истото дошло од тогашните власти СДС и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети.
Тоа што во изминатите години го зборуваме, дека СДС и ДУИ под своја целосна контрола го ставиле судството и обвинителството и дека судиите и обвинителите ги бирале во партиските седишта во Струмица и Зајас, веќе се потврдува со јавни сведоштва.
СДС и ДУИ, на чело со Заев и Ахмети одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одговорност од одреден случај.
Овој случај уште еднаш покажува дека СДС и ДУИ си ја партизираа државата и ги заробија институциите.
Тоа време веќе заврши и за тоа е потребна одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
СДСМ: Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата
Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека цените растат, синдикалната кошничка надминува 67.000 денари, власта продолжува да се луксузира со авион, мебел, нови возила, кабинети и удобност за функционерите, велат од СДСМ.
„Ова е срамно и безобразно. Работниците се приморани да протестираат на улиците за поголеми плати, за достоинствен живот. Бараат минимална плата од 600 евра за да можат да ги прехранат своите семејства и да платат сметки. Законот на СДСМ за 600 евра минимална плата е на дневен ред во Собранието. Еве шанса власта да биде конструктивна, заради работниците. Дадовме предлог со конкретно решение, поддржете го. Пари има. Со ребаланс на буџетот, наместо авион, наместо мебел, нови коли, луксузни кабинети, патувања, репрезентации, тендери може да се пренаменат за 600 евра минимална плата. Доста е луксуз на власта, време е парите да се насочат кон работниците“, стои во соопштението на СДСМ.

