Македонија
ЦУК: Со нуркачи се трага по исчезнатиот од Теново
Регионалниот ЦУК Тетово извести дека и денеска трае потрагата по лицето од село Теново, кое за исчезнато беше пријавено на 6 август годинава.

„Се пребарува теренот покрај реката Вардар во атарот на селата Стенче, Теново и Радиовце. На терен се 23 полициски службеници заедно со командирот на ПС Жеровјане, 5 вработени во ДЗС, 5 вработени во ТППЕ Тетово, од кои две специјализирани лица за нуркање“, извести ЦУК Тетово.

На терен заедно до тимовите од институциите е и раководителот на РЦУК Тетово, со уште еден вработен од Регионалниот ЦУК. Раководителката Арлинда Мухареми информира дека потрагата се координира во согласност со плановите и можностите на вклучените во потрагата“, се додава во соопштението на ЦУК Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

