Македонија
Честитка на Николовски за Рамазан Бајрам: Нека е честит и благословен празникот

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до сите припадници на исламската вероисповед во земјава посакувајќи им добро здравје, среќа и благосостојба:
„Во мое име и од името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам. Нека е честит и благословен празникот и нека донесе радост, среќа и спокој во вашето семејство, во вашиот дом! Добрината, меѓусебното почитување, разбирање и помагање се вредностите кои не обединуваат и за кои се залагаме.Да го продолжиме заедничкиот пат, да го негуваме и градиме концептот едно општество за сите, во духот на солидарноста и меѓусебната доверба, за подобра иднина за сите нас.Заедно и сплотени да бидеме позитивен пример за генерациите што доаѓаат. Примете ги моите честитки во овие празнички денови на Рамазан Бајрам во духовен мир, радост и среќа“, се вели во честитката од Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.