Македонија
Честитка од Иванов за празникот на просветителите: Нивното дело, наша водилка
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј.
„Создавајќи ја и проширувајќи ја глаголицата од Македонија, Кирил и Методиј старословенскиот јазик го трансформираа во првиот пишан јазик на словенските земји на кој е преведено Светото писмо и на кој христијанството се прошири меѓу Словените. Со тоа, тие всушност создадоа единствен комуникациски код што им овозможи на словенските народи рамноправно да се интегрираат во заедничкиот европски духовен, културен и политички простор. Нивните ученици станаа учители на целото словенство и нераздвоен дел од Европа. Она што старословенскиот беше за словенството, тоа е современиот македонски јазик за нашето мултиетничко македонско општество – заеднички јазик кој овозможува рамноправна интеграција без асимилација на сите нејзини членови“, вели Иванов во честитката.
Тој додава дека делото на сесловенските просветители треба да биде наша водилка во градењето на општество достојно на вредностите кои тие ги оставија. Треба да бидеме горди на нивното наследство, да си го чуваме и почитуваме сопствениот јазик и сопствената култура, вели Иванов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

