Македонија
Човековите права во контекст на интеграцијата со ЕУ тема на состанокот на Меѓуресорското тело
Во Министерството за надворешни работи се одржа состанок на Меѓуресорското тело за човекови права, со кое претседава министерот Никола Димитров, а на кој централна тема беа прашања поврзани со тековните и претстојните извештајни обврски согласно меѓународните инструменти за почитување и остварување на човековите права.
„Посебно внимание беше посветено на актуелните обврски за државата во областа на човековите права во контекст на интеграцијата со ЕУ. Во таа смисла, беше констатирана неопходноста од усогласеност помеѓу имплементацијата на препораките во договорните тела и Планот за имплементација на Целите за одржлив развој. На состанокот стана збор и за понатамошната работа на Меѓуресорското тело, со цел дефинирање на модалитети за вклучување на претставници од граѓанскиот сектор, активни во сферата на заштита и промоција на човекови права“, информираат од надлежното министерство.
Воедно МНР е во подготовка на интернет-страница за Телото, каде што, покрај другото, ќе бидат достапни и националните извештаи на земјата по договорни тела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради магла до 50 метри има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево, соопшти АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во јужните делови
Времето утре облачно, насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Фатена во криминал до гуша, власта на Мицкоски посегнува по политички прогон, џабе ви е, сите ќе одговарате, порачуваат од СДСМ
Новите бомби ја стресоа Власта на Христијан Мицкоски. Фатена во криминал до гуша за испумпување на парите на граѓаните власта посегнува по политички прогон, велат од СДСМ.
„Како што се зголемува бројот на скандали за криминалот на власта така се зголемува нервозата, а со тоа и монтираните процеси, како последниот случај со електричните автобуси во Струмица.
Истата криминална матрица на Никола Груевски ги спроведува истите методи. Тоа е истата стара банда која повторно ќе биде поразена.
Џабе ви се заканите, џабе ви се монтираните процеси, се ви е џабе.
Не ви се плашиме.
Допрва ќе се чешате, допрва ќе ви станува непријатно, допрва ќе ве болат главите“.
Од СДСМ најавуваат дека новите бомби се спремни. Велат дека имаат докази за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и дека се ќе објават.
„А на крај ќе одговарате.
Работата се уште не е завршена“.

