Контакт

Македонија

Чучер Сандево денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Побожје, Бродец, Малино, Танушевци, Брест во општина Чучер Сандево.

Македонија

Апасиев: Собранието да ги отвори вратите за мајките да ја следат интерпелацијата на Тошковски

Објавено пред

Од

Собранието да ги отвори вратите за мајките да ја следат интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, предлага пратеникот Димитар Апасиев од Левица.

dobivaj vesti na viber

,,Зошто денес да не ги пуштиме мајките на загинатите деца од Кочани кои протестираат во Скопје, во живо да ја следат интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Тошковски, (кој го посочуваат за селективна истрага)?. Согласно Деловникот на Собранието, граѓанин може непосредно да ја следи пленарната седница од Галеријата“, додава лидерот на Левица.

Инаку, пратеничката група од Левица поднесе интерпелација против Тошковски и истата денес е на Дневен ред на седница во Собранието.

Левица ја поднесе интерпелацијата на 14 април поради тоа што, како што велат од партијата, Тошковски несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР.

Од Левица велат дека интерпелацијата е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени.  Според партијата, МВР потфрлило и во тоа што долг период во истрагата не биле вклучени функционери и носители на функции блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Аеродром од 5 мај почнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад

Објавено пред

Од

Општина Аеродром од 5 мај (понеделник) почнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината што ќе трае до крајот на јуни, што всушност претставува континуитет од минатата година, кога се спроведе есенска акција.

dobivaj vesti na viber

Во соработка со ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром, на повеќе локации ќе бидат поставени садови во кои граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар и дотраен мебел.

Акцијата ќе почне од населба Мичурин каде што на 5 мај (понеделник) и на 6 мај (вторник) садовите ќе бидат поставени на улица „Анастас Митрев“ зад паркот до трансформаторот и на улица „Венјамин Мачуковски“ до трансформаторот кај Железничка станица.

Потоа, на 7 мај (среда) и на 8 мај (четврток) жителите на Острово својот кабаст отпад ќе можат да го оставаат на улица „Владимир Комаров“ бр. 9 до контејнерите, како и на „Владимир Комаров“ број 16 зад ТЦ „Скопјанка“.

Кабастиот отпад е планирано да се собира речиси до крајот на јуни, а жителите за сите локации и датуми можат да се информираат на страницата на општината aerodrom.gov.mk, каде што е објавен планот со точните датуми и локации.

„Општина Аеродром ваквата акција ја спроведува со цел да им се излезе во пресрет на аеродромци да можат бесплатно да го отстранат стариот мебел од своите домови. Со тоа истовремено ја заштитуваме животната средина од несовесно фрлање отпад, при што се создаваат диви депонии што ја загадуваат околината и се лоша слика за Аеродром. Иста ваква акција Општина Аеродром спроведе и во текот на август и септември, минатата година, при што од точно 41 локација, беа собрани околу 70 тони отпад“, информираат од Општината.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ никогаш повеќе нема да одлучува за политичкото претставување на Албанците

Објавено пред

Од

Изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека соработката на една албанска партија со ДУИ е политичко самоубиство не е ништо друго освен доказ за нивната опасна амбиција за инженеринг на албанската политичка сцена, со цел создавање на марионетска албанска структура под целосна контрола, и истовремено доказ за нивната омраза и одмазда кон ДУИ и Албанците – мотивирана од длабоки геополитички, антиевропски и шовинистички цели, велат од ДУИ.

dobivaj vesti na viber

„Зошто оваа омраза кон ДУИ и Албанците? Прво, затоа што ДУИ ја интегрираше државата во НАТО – чекор кој ги вознемири нивните руски спонзори и не дозволи државата да се приклучи во „српскиот свет“. Второ, затоа што ДУИ ја одржа европската перспектива на државата – што ги исплаши олигарсите кои се надеваа дека, држејќи ја државата надвор од ЕУ, ќе го задржат монополот врз нивните криминални приватизации. Трето, затоа што преку европската агенда, државата е ставена под строго набљудување преку Поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на владеењето на правото. Ова ги плаши корумпираните политичари кои очекуваа да продолжат со своите активности во мракот на правна неказнивост.  Четврто, затоа што ДУИ го имплементираше Рамковниот договор, кој донесе еднаквост меѓу сите заедници – нешто што ги вознемирува националистичките кругови кои сонуваа за етничка надмоќ врз другите граѓани. Петто, поради амбицијата да се создаде марионетска албанска структура која ќе им служи на антиевропските, дискриминаторски политики на оваа антидржавна власт“, велат од ДУИ.

Според партијата, ова се вистинските причини за нивната фобија од ДУИ – затоа што ДУИ промовира држава на еднакви, го чува мултиетничкиот карактер, ги отвори евроатлантските порти и ја оддалечи земјата од авторитарните и антиевропските проекти.

„ВМРО-ДПМНЕ никогаш повеќе нема да одлучува за политичкото претставување на Албанците. Албанците ќе одлучуваат самите“, велат од ДУИ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет43 минути

Зеленски: Путин сака примирје само за време на неговата парада

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека светот не сака да чека до 8 мај за најавеното примирје на рускиот претседател,...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ до Бујар Османи: Единствениот свет во кој е ДУИ е светот на корупцијата

Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече? Дали станува збор за внатрепартиски договор,...

Македонија1 час

СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски се јавувал во МВР за ослободување на својот брат?

Додека јавноста реагира за скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски кој дивееше по скопските улици а беше ослободен од...

Свет2 часа

Победа на либералите во Канада

Канадската Либерална партија, предводена од премиерот Марк Карни, е на добар пат да победи на федералните избори, велат канадските медиуми,...

Свет2 часа

Шпанија и Португалија повторно имаат струја

Елекетричната енергија е обновена речиси целосно низ Шпанија и Португалија по вчерашниот масовен прекин што предизвика хаос во двете земји....

Македонија3 часа

„Марш за ангелите“ – семејствата на жртвите во пожарот во Кочани на протест во Скопје

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за денеска најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје. „Ние заслужуваме одговори,...

Свет14 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба по прекинот на електричната енергија

Шпанското Министерство за внатрешни работи прогласи вонредна состојба во земјата по денешниот прекин на електричната енергија. Шпанскиот оператор за електрична...

Македонија16 часа

Гаши засега ќе се воздржи од коментари за претседателката на Антикорупциска

Во врска со актуелните настани поврзани со претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, од кабинетот на...

Свет18 часа

Прекинот на електричната енергија во Португалија и Шпанија предизвикан од редок атмосферски феномен

Португалскиот оператор на електричната мрежа – РЕН објави дека прекинот на електричната енергија што ги погоди Португалија и Шпанија е...

Македонија20 часа

Обвинителството ги кани на средба семејствата на жртвите од Кочани пред протестот најавен за утре

Јавното обвинителство кани на средба претставници на семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ кои би сакале подетално да се...

Македонија20 часа

Палевски вели дека не се пријавил во полицијата во Баликесир оти секако ќе го нашле, се видел на сите вести во пицеријата додека пиел еспресо

Обвинетиот за убиствата на Вања и Панче, Љупчо Палевски, во судот одговараше на прашањата на обвинителите. Тој беше прашан зошто...

Свет21 час

Путин најавува тридневно примирје

Рускиот претседател Владимир Путин објави таканаречен хуманитарен прекин на огнот од 8 мај до полноќ на 11 мај по повод...

Македонија22 часа

(Видео) Кузеска: Нов скандал, братот на градоначалникот Стефковски лета по улиците, за него не важат законите

Денеска објавуваме нов скандал. Граѓаните ќе видат она што одамна го знаат: функционерите на власта прават што сакаат, без никаква...

Македонија23 часа

„Заслужуваме одговори“: семејствата на жртвите од пожарот во Кочани утре на протетстен марш во главниот град

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за утре, 29 април, најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје. „Ние...

Македонија1 ден

Двајца браќа обвинети за убиство и за обид за убиство на подмолен начин

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен акт против две лица, кои како...

Свет1 ден

Подготовките за избор на нов папа се во тек: исходот неизвесен од кога било досега

Подготовките за избор на нов папа се во тек, а исходот е понеизвесен од кога било, со оглед на тоа...

Свет1 ден

Трамп: Зеленски е подготвен да ѝ го препушти Крим на Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти неговиот украински колега Володимир Зеленски е подготвен да го отстапи Крим на...

Свет1 ден

(Видео) Судир меѓу брод и ферибот на Флорида: едно лице загина, неколку повредени

Едно лице загина, а неколку други се повредени откако рекреативен брод се судри со ферибот што превезувал 45 лица во...

Свет1 ден

(Видео) 30-годишниот маж, кој газеше луѓе на канадски фестивал, обвинет за убиство

Триесетгодишен маж е обвинет по осум точки за убиство од втор степен, откако со автомобилот се забил во толпа луѓе...

Свет1 ден

САД предупредуваат: Вмешаноста на Пјонгјанг во војната мора да престане

Американскиот Стејт департмент соопшти дека е загрижен поради директното вклучување на Северна Кореја во војната на Русија во Украина и...