Македонија
Шалтерите за наплата на „Водовод“ утре ќе работат само прва смена

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ја известува јавноста, своите корисници и граѓаните на град Скопје, дека утре, поради празникот Успение на Пресвета Богородица, шалтерите за наплата во дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, ќе работат само прва смена, од 7.30 до 15.30 часот.
„За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје, во согласност со вашите потреби, контактирајте нè на: 02/3073010,[email protected], https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/.
Информирајте се на www.vodovod-skopje.com.mk и пристапете до сите електронски сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk или мобилната апликација достапна за ‘Андроид’ и ‘Иос’“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Добив втора шанса за живот: се огласи повредениот гитарист на ДНК

По два месеца лекување во Солун од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се огласи познатиот музичар и член на групата ДНК, Горан Тонев.
„Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ‘Папаниколау’ во Солун за неизмерната грижа и за негата што ми ги дадоа. Исто така, сакам да му се заблагодарам и на персоналот во Кочани и во Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели што се молеа за мене“, напиша Тонев на социјалните мрежи.
Додава дека чувствата му се измешани.
Колку што сум среќен, толку сум и тажен за загубата на сите деца, а особено за моите драги колеги и другари. Сочувство до сите фамилии“, пишува Тонев во објавата.
Македонија
Облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни, на повисоките планини слаб снег

Времето денес, облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Кон крајот на денот на повисоките планини на северозапад ќе има услови врнежите од дожд да преминат во повремен слаб снег. Попладне и во текот на ноќта ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h).
Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 15 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Во наредните денови следува период на претежно стабилно време, до понеделник со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од средината на следната седмица ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Македонија
Меџити: Стратешките инвестиции во зелената инфраструктура го забрзуваат економскиот развој

Првиот заменик-премиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес учествуваше на конференцијата на тема „Унапредување на зелената инфраструктура во Западен Балкан“, на која ја истакна важноста на изградбата на одржлива инфраструктура, како неопходност а не избор.
Меџити на конфернцијата на која присуствуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, рече дека зелената инфраструктура е глобален предизвик кој бара колективна акција, визија и соработка.
„Начинот на кој ги обликуваме нашите инфраструктурни проекти директно влијае врз квалитетот на животот, економската стабилност, заштитата на животната средина и отпорноста на нашите заедници на климатските промени. Стратешките инвестиции во инфраструктура која ги зема предвид климатските ризици и аспектите на биолошката разновидност претставуваат моќна алатка за забрзување на економскиот развој, создавање нови зелени работни места, поттикнување на иновации и исполнување на cелите за одржлив развој до 2030 година“ изјави Меџити.
Ја истакна важноста на интегрирањето на климатските и еколошките аспекти во процесот на планирање и проценка на влијанието врз животната средина, додавајќи дека овозможува носење информирани и долгорочно одржливи одлуки.
„Инфраструктурата која е отпорна на климатски шокови, не само што го заштитува буџетот и јавните ресурси, туку придонесува за стабилност и сигурност за идните генерации, а чекори кои треба дасе превземаат се градење и адаптација на системи за управување со ризици кои ќе нè подготват за климатските предизвици, трансформација на енергетскиот сектор кон обновливи извори, модернизација на земјоделството преку ефикасни системи за наводнување и климатски паметни практики, и унапредување на енергетската ефикасност и сеизмичката отпорност на објектите“, рече Меџити.