Македонија
Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со Koвид-19 дадоа позитивни резултати и во Македонија и во Бугарија
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, имаше работна средба со вицепремиерот за економски и социјални политики и министер за труд и социјална политика во Република Бугарија, Галаб Донев.
На состанокот двајцата министри разговараа за политиките што ги водат во делот на работните односи, но разменија и мислење за мерките што двете држави ги презедоа со цел да се олеснат економските последици врз работниците и стопанството од здравствената криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19.
Шахпаска информира дека нашата држава преку шесте пакети економски мерки и вложените 1,2 милијарда евра како помош помогна да се зачуваат речиси 80 илјади работни места. Тоа, додаде таа, придонесе дури и за намалување на невработеноста на историски 15,9 проценти.
Преку оперативниот план на активни програми и мерки за вработување, нагласи министерката Шахпаска, со дополнителни 25 милиони евра Владата посвети внимание не само на оние што го загубија работното место поради пандемијата туку и на тешко вработливите, ниско квалификуваните и на оние лица што подолго време се надвор од пазарот на трудот, особено на жените и на Ромите.
Министерот Донев, презентирајќи ги економските мерки на Бугарија, оцени дека исто така во време на економска криза успеале да задржат ниско ниво на невработеност и на некој начин да го заштитат стопанството.
Двајцата министри разговараа и за начинот на кој го водат социјалниот дијалог со претставниците на работниците и работодавците, но и за процесот на хармонизирање на законската регулатива во делот на работните односи со европското законодавство.
Министерката Шахпаска информира дека во завршна фаза е подготовката на новиот закон за работни односи, кој го подготвуваме во соработка со експерти од Меѓународната организација на трудот, но и дека Министерството за труд и социјална политика работи на целосно нова регулатива за безбедност и здравје при работа.
Министерот Донев нагласи дека Република Бугарија во рамките на Европската Унија важи за држава што на добар начин го имплементира прашањето за безбедност и здравје при работа и понуди поддршка за нашата држава во овој сегмент.
На средбата се разговараше и за можноста за регулирање на миграцијата на работната сила меѓу двете земји, со што ќе се овозможи поголема слобода и гаранции за граѓаните на двете земји, но и за можноста за продлабочување на меѓусебната соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај низ државата по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка и Ѓавато
Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија. Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато, извести АМСМ.
Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално. Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село, велат од АМСМ.
Сега засега блокиран е само сообраќајот за ТТВ за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Карпош и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани прекини и тоа:
– во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците на улицата Ордан Поп Јорданов. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата Римска. (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен дожд
Претпладне променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

