Македонија
Шахпаска: Продолжуваме со реализација и на правата што произлегуваат од Законот за јазиците
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска се сретна со директорот на Агенцијата за примена на јазикот ,проф. д-р Илмер Села, на која разговаараа за институционалната примена на јазиците во согласност со Законот за употреба на јазиците во државните институции.
На средбата од страна на директорот на Агенцијата за примена на јазикот беа посочени главните задачи и надлежности од страна на Агенцијата, а тоа се поддршката на институциите во реализирањето на обврските во согласност со Законот за употреба на јазиците, вклучително и лекторирањето и преведувањето.
Министерката за труд и социјална политика истакна дека Министерството работи во насока на целосна имплементација на Законот за употреба на јазиците и во пракса на институционално ниво, според кој, покрај употребата на македонскиот јазик како прв службен јазик, е и јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните на Република Северна Македонија.
„Правата на граѓаните што произлегуваат од Законот за употреба на јазиците се со закон заштитени, а ние како Министерство што работи за и во интерес на граѓаните продолжуваме со почитување и реализација на тие права“, истакна Шахпаска.
Таа воедно посочи дека тоа е долг и сериозен процес на кој се работи, со исполнување на крајната цел – испорачување резултати до граѓаните.
Соговорниците изразија подготвеност за понатамошна соработка во полето на надлежностите на двете институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

