Македонија
Шахпаска: Социјалната реформа дава резултати
Грижата за сите значи еднакви можности и услови за сите граѓани, социјалната реформа дава резултати, оцени министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, која денеска беше во посета на Центарот за социјална работа и Дневниот центар за лица со интелектуална или телесна попреченост во Штип.
„Денеска го посетивме Дневниот центар за лица со интелектуална или телесна попреченост во Штип, каде што лицата со попреченост доаѓаат на дневно ниво и ги користат услугите како дел од децентрализација на социјалните услуги на локално ниво, онаму каде што живеат граѓаните. Согласно протоколите бројот на корисници е помал, а вработените строго се придржуваат на мерките, со цел обезбедување на безбеден престој на корисниците кои и во услови на КОВИД им се неопходни на оваа категорија на граѓани“, истакна Шахпаска.
Од страна на директорката на Центарот за социјална работа беше посочено дека и во време на пандемија од КОВИД 19, Центарот работи непречено со странките и активно работи на подобрување на квалитетот на услугите, јакнење на капацитетот на семејствата преку интегрирано водење на случај со што се постигнува олеснето следење на домаќинството низ системот на социјална заштита од стручен работник, водител на случај.
Министерката Шахпаска посочи дека и во услови на пандемија грижата за најранливата категорија на граѓани продолжува, во таа насока е и олеснетиот пристап до Гарантирана минимална помош, како парично право кое е од големо значење особено за оние на кои им е потребна помош и поддршка.
„Ние сме социјална држава и согласно концептот „Еднакво општество за сите“ , треба да дадеме услови и еднакви можности за сите граѓани, и на еднакви основи сите учествуваат во јавниот, општествениот живот“, истакна Шахпаска.
Под ингеренции на Центарот за социјални работи од Штип, покрај овој Дневен центар е и Дневниот центар за лица со аутизам, каде услугата ја користат 7 деца , на возраст од 10 до 18 години, со кои работи стручен тим . Центарот располага и со Советувалиште за жртви на семејно насилство Кризен центар за жртви од семејно насилство 24/48 , чија цел е обезбедување на жртвата сигурност, безбедност и заштита.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

