Македонија
Шахпаска со претставничките на „Глас за насилство“: Борбата против насилството врз жените е наш заеднички приоритет
Министерката за труд и социјална политика денеска се сретна со претставничките на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство – „Глас за насилство“, мрежа што опфаќа дваесетина граѓански организации што работат на полето на спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство во нашата држава.
На средбата се разговараше за тековните активности на мрежата и организациите, соработката со Министерството за труд и социјална политика и другите надлежни институции вклучени во процесот со единствена цел – унапредување на политиките и праксите во борбата против насилството врз жените и семејното насилство.
Од страна на претставничките на Националната мрежа за жени жртви на семејно насилство беа посочени досегашните проекти и активности што се преземаат со цел помош и поддршка на жените жртви од насилство. Интервентен женски фонд, наменет за помош на жени што се жртви на насилство и што сакаат да ја напуштат насилната средина, преку обезбедување медицинска документација, извештаи од специјалисти, бесплатна правна помош, како и други итни мерки за поддршка на жената да излезе од насилната врска. Потоа, куќа за отворено домување за жени жртви на семејно насилство, со целосна финансиска и психосоцијална поддршка на жените сместени во неа и други активности.
„Наша заложба како Министерство е унапредување на човековите права, еднаквост и борба против секаков вид насилство. Тоа се нашите приоритети и продолжуваме и понатаму со силна поддршка на сите граѓански организации, кои се наши партнери во превенцијата и спречување на насилството“, порача Шахпаска.
Министерката за труд и социјална политика изрази подготвеност на целосна поддршка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во заложбите за унапредување на социјалните сервиси и услугите што им ги даваат на жените жртви од насилство и семејно насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

