Македонија
Шахпаска: Целосната интеграција на Ромите е наш приоритет
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со раководителот на Канцеларијата за интеграција на Роми 2020 при Советот за регионална соработка, Орхан Усеин, и експертот за политики, Александра Бојаџиева, при што беше нагласена потребата од продолжување на натамошната соработка, со оглед на тоа што интеграцијата на Ромите е приоритет за Владата.
„Министерството за труд и социјална политика интензивно работи на интеграција на Ромите и останатите ранливи категории граѓани и тоа преку повеќе проекти кои значат директна поддршка за нив. За изградба на социјални станови наменети се 69 милиони евра, потоа во соработка меѓународни партнери обезбедени се 412 илјада евра за проектот за собирање и селектирање отпад, додека 25 милиони евра за Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување во кој еден од принципите е инклузивност и диверзитет”, нагласи министерката Шахпаска.
Советот за регионална соработка веќе пет години го спроведува проектот Интеграција на Ромите, поддржан од страна на Европската Унија и Фондациjата Отворено општество.
Целта на овој проект е да се подобри состојбата на ромската заедница и да се премости јазот што постои помеѓу Ромите и останатото население.
„Покрај социјалното домување, програмата за формализација на неформалната работа е една од нашите најважни цели. Одлично е тоа што Република Северна Македонија сериозно се вложува во оваа насока, како преку Оперативниот план, така и преку Мечинг фондовите за претприемништво за Роми ”, оцени Орхан Усеин.
Двајцата соговорници констатираа дека од исклучително значење е да се вложува во развој на дигитални и ИТ-вештини кај Ромите, за да можат полесно и побрзо да стигнат до информации за предвидена помош, да се вклучат во бизнис-секторот, но и кога би имало можност да ги пренасочат своите бизниси во е-бизниси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.