Македонија
Шаќири – Бун: Франција е важен сојузник на Северна Македонија во приближувањето кон европските образовни вредности
Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска, во резиденцијата на Амбасадата на Франција во Скопје, оствари работна среда со француската државна секретарка за Европа, г-ѓата Лоранс Бун, и дипломатскиот претставник во земјата, г. Сирил Бомгартнер.
Соговорниците за време на состанокот ја истакнаа досегашната успешна соработка во областа на образованието, при што министерот Шаќири изрази благодарност до француската влада и народ за поддршката што ја добива земјата во процесот на интеграција во Европската Унија.
„Франција е важен сојузник на Северна Македонија во приближувањето кон европските образовни вредности. Покрај поддршката што ја добиваме во имплементација на реформите, со државната секретарка г-ѓата Бун и амбадасадорот Бомгартнер дискутиравме и за изучувањето на францускиот јазик на сите нивоа на образованието, неговото зајакнување во образовниот процес бидејќи јазикот е патоказ кој најдобро може да зближи две култури и традиции“, истакна Шаќири.
Успешната соработка помеѓу двете земји неодамна беше потврдена и на саемот на студии во Франција, каде што традиционално голем број високообразовни институции од Француската Република ги претставуваат своите програми и преку кој голем број македонски студенти се одлучуваат да го продолжат своето образование во една од најразвиените земји во Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

