Македонија
Шведска останува силен поддржувач на Северна Македонија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ја прими амбасадорката на Шведска во нашата земја, Кристин Форсгрен Бенгтсон.
Амбасадорката Кристин Форсгрен Бенгтсон на премиерот Ковачевски му го врачи личното писмо на претседателката на владата на Шведска, Магдалена Андерсон, во кое таа му го честита изборот на претседател на Владата на Северна Македонија и му посакува нему и на членовите на неговиот кабинет успех во реализацијата на зацртаните програмски приоритети.
Претседателот на Владата, Ковачевски, на средбата се заблагодари за поддршката на Кралството Шведска во сите години независност на Северна Македонија, уште од воспоставувањето на дипломатските односи во 1993 година.
Ковачевски во разговорот се задржа на прашањата од приоритет на Владата на Северна Македонија, меѓу кои на врвот се политиките за справување на енергетската и здравствената криза и мерките за елиминирање на последиците по економијата, во чиј фокус се поддршката на инвестициите во реалниот сектор за зачувување на работните места и имплементацијата на реформите.
Во однос на процесот за интеграција на Северна Македонија во ЕУ, премиерот Ковачевски го истакна напредокот на односите со Бугарија, кои се повторно вратени на највисоко политичко ниво, и додаде дека воспоставениот дијалог и акцискиот план на работните групи во повеќе области ветуваат добра основа за политички решенија на отворените прашања прифатливи за двете страни.
Амбасадорката на Кралството Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон, нагласи дека нејзината земја останува силен поддржувач на Северна Македонија и дека и понатаму ќе го афирмира ставот дека преговорите за членство во ЕУ треба да почнат без натамошно одлагање во согласност со одлуката на Европскиот совет од март 2020 година.
Амбасадорката Форсгрен Бенгтсон додаде дека Шведска, како најголем билатерален донатор од земјите на ЕУ во земјата, ќе продолжи со поддршка на Северна Македонија во повеќе области и дека во претстојниот период ќе се активираат повеќе планирани иницијативи за поголема трговска размена и за дополнителен поттик на компаниите од Шведска да инвестираат во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВЛЕН: Ако СПАК-от на ДУИ не е само за спектакл, нека побара екстрадиција на Артан Груби од Албанија
ДУИ во Чаир помпезно го најавува формирањето на локален СПАК (Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција), како да ја открила Америка. Но, прашањето што веднаш се поставува е: дали овој СПАК ќе го истражи и сопственото раководство или е само уште еден театар за измама на граѓаните, прашуваат од ВЛЕН.
„Корупцијата има познати лица: Фатон Ахмети, поради сомневања за злоупотреба на средства во ФЗО, Арбер Адеми, како министер за образование со отворени случаи за злоупотреба, Бујар Османи, за случајот „Пациент“ и многу други кои денес седат во раководството на ДУИ како недопирливи. ВЛЕН го поздравува овој СПАК на ДУИ и сугерира дека, ако е навистина за акција, а не за спектакл, треба да ги започне истрагите токму со овие имиња. Првото нешто што треба да го направи е да воспостави комуникација со СПАК на Албанија и да побара екстрадиција на Артан Груби, симбол на ароганција и злоупотреба на моќ“, пишува во соопштението.
Ако овој СПАК е сериозен, велат од ВЛЕН, нека се обиде да ги истражи сопствените недопирливи.
„Само тогаш граѓаните ќе веруваат дека транспарентноста не е фасада, туку реалност. Дотогаш, ова останува потсмев, „СПАК за Фејсбук“, а не за правда“, велат од ВЛЕН.
Македонија
(Фото) Мицкоски објави дека е реконструиран дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека е завршена реконструкцијата на дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“.
Како што извести премиерот, проектот опфаќа поставување нов асфалтен слој со дебелина од 8 сантиметри, уредување на банкини од двете страни на коловозот, изградба на армирано-бетонски пропусти и потпорни ѕидови, како и оформување отворени канали, риголи, тротоари и ивичници на клучните делови од трасата.
„Со вкупна должина од 6,42 километри и ширина на коловозот од 3,5 метри, патот доби стабилна, функционална и долготрајна сообраќајна инфраструктура.
Инвестицијата во износ од 63.537.537 денари е обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт. Овој проект има значајно влијание врз подобрувањето на руралната поврзаност, олеснување на секојдневниот транспорт и создавање услови за локален развој“, пишува Мицкоски.
Македонија
Исчезна Виктор Илиоски од Прилеп, мајката очајна
Семејството на Виктор Илиоски од Прилеп очајно бара помош за негово пронаоѓање.

Според објавата на социјалните мрежи, трагата му се губи од саботата попладне, околу 14 часот.
Облечен бил во тегет јакна, црни тренерки и сиви патики.

