Македонија
Шекеринска: Во буџетот за 2020 има повеќе пари за опрема и за секој припадник на Армијата
Одбраната во 2020 година влегува со зголемен буџет во износ од над 10 милијарди денари, што е зголемување за 22 проценти, со повеќе пари за модернизација и набавка на борбени возила, за набавка на инженериски машини, за комуникациски системи, но и повеќе средства за развој на човечките ресурси, за кои беа направени круцијални чекори напред – зголемување на платите на сите припадници на Армијата за 16 проценти, воведување на дополнителен месечен надоместок за 7.000 денари за сите воени и цивилни лица во служба на Армијата. Буџетот за 2020 година предвидува и значителни средства за реконструкција на објектите на Армијата кои долго време беа оставени на забот на времето.
Ова го истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која денеска на прес-конференција детално информираше за ставките во буџетот на одбраната за следната година.
Таа кажа дека зголемувањето од 22 проценти во однос на 2019 година е наменето за реформи во одбраната, за квалитативно и квантитативно зголемување на персоналот, за опремување на Армијата согласно стандардите на НАТО и подобрувањето на условите за работа.
Клучната промена во буџетот, подвлече министерката, е во делот на капиталните расходи, односно модернизацијата, каде за првпат, во 2020 година се одвоени 20 проценти од одбранбениот буџет, што претставува зголемување за 56 проценти во големината на средствата наменети за нова опрема за Армијата.
„Еден повеќегодишен договор е во тек, тоа е повеќегодишниот договор за финансирање на набавката на инженерските машини од кои еден дел се веќе испорачани, вториот голем проект е набавката на борбени возила којшто е приоритет број еден според долгорочниот план за развој на одбранбените способности, опрема за комуникациски системи и сајбер-опрема и друга приоритетна опрема предвидена во долгорочниот план. Фокусот се декларираните единици, фокусот е модернизација на Армијата и вложување во опрема“, рече министерката.
Шекеринска истакна дека приоритет за министерството е и развојот, привлекувањето и задржувањето на кадрите во одбраната.
„Ако во 2017 година со изборот на новата Влада, професионален војник примал 20.000 денари месечна плата, само со покачувањата, тој износ беше зголемен за 16 проценти, а заедно со месечната станарина која е во износ од 7.000 денари, сега веќе месечно тој или таа ќе добиваат 30.200 денари, што е практично 50 проценти зголемување на месечниот приход“, истакна министерката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дебакл на Мицкоски, историски пад на странските инвестиции за 729 милиони евра, велат од СДСМ
„Драматчен пад на странските директни инвестиции во 2025 година од 61% покажуваат последните економски податоци на Народна банка. Со Христијан Мицкоски на чело на Владата, во 2025 година има намалување на странските инвестиции за огромни 729 милиони евра во споредба со 2024 година“, велат од СДСМ.
„Поради политиките на СДСМ, во 2024 година странските директни инвестиции изнесуваа 1 милијарда и 196 милиони евра, додека во 2025 година со Мицкоски тие се сведени на само 467 милиони евра. Дебакл.
Но, затоа има пари за криминални тендери, 161 тендер за една фирма, 51 за втора, 74 тендери за трета фирма блиска до власта. ВМРО-ОКГ се грижи само за својот приватен бизнис.
За време на владите на СДСМ, беа отворени 16 нови фабрики како резултат на директни странски инвестиции – гиганти. Се генерираа над 10.000 нови работни места само во технолошко-индустриските развојни зони.
Што се случува сега со Мицкоски и ВМРО-ОКГ? Има историски пад на инвестициите и губење на илјадници работни места. Германскиот гигант Aktiv официјално потврди дека се повлекува од Скопје, оставајќи 400 – 500 работници без работа. Во фабриката на Dura се кратат производни линии. Magna го стопираше своето претходно најавено ширење. Илјадници работни места се под сериозен ризик.
Ова е резултат на погрешните политиките на Мицкоски и ВМРО-ОКГ за изолација и криминални тендери за богатење на функционерите на власт.
Наместо да се занимаваат со економијата, тие преку своите медиуми се занимаваат со црна кампања и лажни афери. Нема интеграција – следи економска изолација“, соопшти СДСМ.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

