Македонија
Шекеринска во Вашингтон: Добивме силна поддршка, партнерството со САД продолжува
Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска ја завршува посетата на Вашингтон. Последниот ден од посетата таа имаше средби со конгресмените Мајк Тарнер и Адам Смит, на кои беа повторени пораките на поддршка за членството на Македонија во НАТО и честитките за одлучноста во решавањето на спорот кој стоеше на нашиот пат кон Алијансата. Беше потврдена одличната билатерална соработка во одбраната меѓу двете земји, која, со новата позиција на Северна Македонија во НАТО, ќе биде интензивирана.
И со конгресмените, Шекеринска зборуваше за потребата од забрзување на ратификацијата на Протоколот за членство, за што поскоро успешно заокружување на процесот на пристапување на земјата како 30.земја членка на НАТО.
„Тоа е важно не само за нашата земја туку за безбедноста на целиот регион и ќе ја прошири пораката низ целиот Балкан, дека со соработка и решенија на проблемите, просперитетот е загарантиран“, рече министерката.
Истата порака за поддршка Шекеринска ја пренесе и на состанокот со Хедер Конли и влијателни американски професори и екперти во Центарот за стратегиски и меѓународни студии (CSIS), на средбата во Меѓународниот републикански институт (IRI) со претседателот Даниел Твининг и на средбата со претседателот на Националниот демократски институт (NDI), Дерек Мичел.
„Ја завршуваме посетата на Вашингтон. По средбата со американскиот секретар за одбрана Шанахен, средбите во Пентагон, во Стејт Департментот, во Белата куќа, имавме и повеќе средби во Сенатот и американскиот Конгрес. На сите средби ја испративме истата порака – час поскоро да се ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Добивме силни пораки на поддршка и честитки, за лидерството, за храброста, за одлучноста, во решавањето на проблемите и вртење кон иднината. Нашето партнерство со САД продолжува и тоа ќе биде плус за нашата стабилност, за нашите стратешки цели но и за нашата економија“, рече министерката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК со први проекции за бројот на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18
Државната изборна комисија ги објави првите проекции за бројот на пратенички мандати – ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, а зад нив е ДУИ до 19.
Трет по бројот на пратеници е СДСМ со 18 мандати.
Коалицијата Вреди има 13 пратенички мандати, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати.
Македонија
Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Влен
Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Влен, кажа претседателот на БЕСА, дел од коалицијата Влен, Билал Касами.
Касами рече дека ВЛЕН е победник во сите општини со мнозинско албанско население, а резултатот го препиша и на доаѓањето на иселениците.
„Коалицијата Влен е апсолутен победник кај Албанците“, изјави Касами.
Тој очекува да имаат број на пратеници колку и ДУИ.
Според досега пребројаните гласови, коалицијата Влен има 92.091 гласа, односно 11,21 отсто, а Европскиот фронт на ДУИ, 117.503 гласа, или 14,30 отсто.
Македонија
Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја
Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова.
„Да ја води Македонија во правилна насока, да биде тука за граѓаните, бидејќи нашата борба е и ќе биде за граѓаните. Воедно да честитам на ВМРО-ДПМНЕ за убедливата победа. Верувам дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите останати политички субјекти кои гравитираа досега на политичката сцена. За нас од ЗНАМ гордо можам да потврдам дека ЗНАМ од вечерва ја започнува својата борба за достоинствена Македонија. ЗНАМ вечерва испиша историја. Ние потвдивме минимум пратеничка група и некаде околу 60 илјади гласови“, кажа Димитриевски и се заблагодари на граѓаните кои што излегоа на изборите.
„Од денеска продолжуваме како што ветувавме во предизборната кампања, согласно нашите определби, програмски и сето што беше ветено пред граѓаните. Ние сме партија формирана од граѓаните, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за граѓаните“, додаде Димитриевски.
Прашан дали ќе остане градоначалник или размислува за Владата, тој кажа дека нема никакви размислувања, ќе остане доследен на неговите ветувања и секогаш со кумановчани.