Македонија
Шекеринска: Груевски го нема, но неговиот дух и омраза уште ги храни ВМРО-ДПМНЕ
На 15 јули граѓаните ќе гласаат за бројот 3 и ќе изберат да продолжиме на правиот пат, кон Европската Унија и НАТО, и нема да дозволат обнова на режимот и изолација, порачаа носителите на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 5, Радмила Шекеринска и Јован Митрески, како и кандидатката за пратеник од Демир Хисар, Марија Кочовска, на граѓанската трибина во Демир Хисар.
„Во 2016 година ни се случи власт, која изгубила да не сака да замине, Груевски го нема, ама неговиот дух, неговите наредби, неговата омраза, уште ги храни, уште стои зад нив, тоа се луѓето што беа спремни да ги убијат легално избраните пратеници во Собранието, да ја воведат државата во граѓанска војна и сега ја бараат довербата на граѓаните“, истакна заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.
За 2,5 години, покажавме дека кога се сака, сè може – и да се влезе во ЕУ и НАТО, и да се враќаат парите кај граѓаните, и да се намалат трошцоите и да се простат 10 милиони евра стари неплатени долгови, не плаќавме за стиропор, кој глуми мермер, туку ги враќавме парите кај граѓаните, истакна Шекеринска.
„На 15 јули одлучуваме и за тоа дали на луѓето околу Мицкоски ќе им дадеме да експериментираат со јавното здравје, тоа се луѓето, кои во јавното здравство оставија пустош, нè оставија без доктори и медицински сестри или ќе продолжиме од каде што сме денес, ќе вложуваме во повисоки плати за лекарите и здравствениот персонал, дали ќе бидеме подготвени кога кризата повторно ќе удри“, порача Шекеринска додавајќи дека за време на корона-кризата ние 550 милиони евра од буџетот пренасочивме во фирмите и во семејните буџети, 320.000 граѓани добија картички со вкупно 28 милиони евра да ги трошат на домашни производи.
„Стојам пред вас и ја барам вашата доверба за да го завршиме почнатото, да завршиме со изградба на правна држава, да обезбедиме ред и поредок, како што влеговме во НАТО, така да влеземе во Европската Унија и постојано да ги враќаме парите кон граѓаните за да обезбедиме посилна македонска економија“, им се обрати Шекеринска на демирхисарци додавајќи дека на 15 јули треба да се одговори на прашањето дали сакаме да се вратиме во држава, во која многумина се плашат, а неколкумина владеа со сила и насилство, закани и уцени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

