Македонија
Шекеринска да престане да ги крши слободите и правата на армиските старешини, порачаа од Единствена Македонија

Единствена Македонија обвинува дека на брифингот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска со амбасадорите на земјите од НАТО, биле кажани опасни лаги по безбедноста на земјата.
„Единствена Македонија во петокот на прес конференција го сподели со јавноста Стратегискиот одбранбен преглед како клучен документ за одбраната на Република Македонија како и скандалозната информација за негово пишување во американската амбасада.
По прес конференцијата на Единствена Македонија, Радмила Шеќеринска спротивно на законските прописи издала наредба за обавување на информативни разговори со старешини на АРМ од страна на воената шпионска служба, со цел, откривање на кртот во АРМ кој наводно ги дал документите на Единствена Македонија кои беа презентирани на прес конференцијата.
Единствена Македонија ја предупредува Шеќеринска да престанат овие армиски дворски шпионски игри кои ја преминуваат црвената линија со грубо кршење на правата и слободите на армиските старешини кои се повикуваат на информативни разговори.
Незаконските малтретирања на воени старешини со информативни разговори потврдува дека граѓаните наивно верувале оти македонските безбедносни служби постојат заради заштита на државата. Па кој ќе ги малтретира со информативни разговори, тогаш граѓаните?“ се наведува во соопштението на Единствена Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром;
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до бр. 20., општина Аеродром.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Времео во наредните денови
Во вторник претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годината. Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.