Македонија
Шекеринска: Стигнавме до членството во НАТО со лидерство, храброст и одлучност
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, учествуваше на Бриселскиот форум на германскиот Маршалов фонд, каде што на панелот посветен на иновациите и новиот пристап кон безбедноста, говореше за НАТО, домашните реформи и процесите на демократизација на општеството, но и новиот пристап и начин на размислување на лидерите.
„Новиот, поинаков начин на политичко размислување и однесување, го смени курсот што го имаше мојата земја. Кога бевме избрани како нова Влада пред две години, бевме убедени дека сакаме да го промениме постојното статус кво и дека ќе воведеме нов тип однесување кон нашите соседи. Ги зголемивме стандардите во однос на нашата демократија, владеењето на правото, слободата на медиумите, за помалку од една година успеавме да имаме пробив во односите со Бугарија и го решивме замрзнатиот проблем на Балканот, проблемот за името со Грција. А се покажа дека кога го рушите постојното статус кво, светот тоа го препознава“, рече министерката.
Министерката истакна дека добрите политички односи даваат сигнал и за соработката во сите други полиња, како одбраната и безбедноста, споменувајќи го зголемувањето на воената соработка со Бугарија и Грција.
За иднината на регионот, министерката рече дека нашата желба и надеж е дека овој нов пристап на решавање проблеми ќе има поголем и поширок ефект. Ние веруваме, рече Шекеринска, дека пристапот што го имавме во односите со нашите соседи и кон интерните поделби може да биде модел што може да го користат нашите соседи и наместо нестабилност, регионот може да извезува стабилност.
„Луѓето следат лидери што се доволно храбри да го замислуваат незамисливото и тоа треба да биде инспирација за целиот регион“, заклучи министерката Шекеринска на Бриселскиот форум.
Заедно со министерката Шекеринска на панелот говореа и Андреа Томпсон, потсекретар за контрола на вооружувањето и меѓународната безбедност во американскиот Стејт департмент, и Логан Џоунс, потпретседател во компанијата „Боинг“.
Бриселскиот форум е престижен годишен форум на кој највлијателните северноамерикански и европски политички, корпоративни и академиски лидери, разговараат за современите предизвици на двете страни на Атлантикот. На овој форум годинава учествуваа највисоките и најпроминентни државници, функционери и воени претставници, како Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО, Федерика Могерини, висока претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Флоренсе Парли, министерка за одбрана на Франција, Артис Пабрикс, министер за одбрана на Латвија, потоа министрите за надворешни работи на Полска и Словачка, Јацек Цапутовиц и Мирослав Лајчак, како и генералот Тод Волтерс, командант на сојузничката воздухопловна команда во SHAPE (НАТО), и пензионираниот американски генерал Џон Ален, поранешен прв човек на Маринскиот корпус на САД и командант на мисијата ИСАФ во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

