Македонија
Шестмина починати и 43 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.007 тестирања, а регистрирани се 43 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје – 24, Куманово – 5, Битола и Охрид по 3, Прилеп, Тетово и Кичево по 2 и по еден случај во Гевгелија и Виница.
Регистрирани се и 48 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 17, Прилеп – 6, Битола – 5, Охрид – 4, Штип, Струга и Ресен по 3 и по еден од Куманово, Тетово, Виница, Гостивар, Струмица, Кочани и Пробиштип.
Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (67 и 86) и по едно лице од Битола (79), Куманово (81), Тетово (73) и Велес (66). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а другите во болнички услови.
Направени се 3.007 теста преку: ИЈЗ – 485, ЦЈЗ Скопје – 70, ЦЈЗ Битола – 65, ЦЈЗ Прилеп – 66, ЦЈЗ Тетово – 15, ЦЈЗ Куманово – 25, Судска медицина – 1, УК Пулмологија со алергологија – 10, ГОБ „8 Септември“ – 8, Институт за микробиологија – 43, МАНУ – 95, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 158, „Авицена“ – 267, „Биотек“ – 424, „Систина“ – 152, лабораторија „Лаор“ – 319, „Синлаб“ – 23, „Ремедика“ – 50, „Плодност“ – 37, „Генеа“ – 20, „Никоб лаб“ – 50, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 624.
Досега во земјата се направени вкупно 802.272 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.345, бројката на оздравени пациенти е 148.846, на починати е 5.429, а бројот на активни случаи изнесува 1.070.
Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментот е следна:
Скопје 68.543, активни 444
Куманово 8.835, активни 108
Прилеп 8.306, активни 57
Тетово 7.216, активни 45
Битола 6.295, активни 51
Велес 5.468, активни 14
Гостивар 5.174, активни 24
Кавадарци 5.153, активни 11
Охрид 5.006, активни 54
Штип 4.959, активни 18
Струмица 4.111, активни 38
Струга 2.980, активни 22
Кочани 2.787, активни 13
Кичево 2.567, активни 44
Гевгелија 2.192, активни 8
Неготино 2.183, активни 7
Свети Николе 1.522, активни 10
Ресен 1.234, активни 9
Крива Паланка 1.219, активни 3
Радовиш 1.159, активни 30
Берово 1.029, активни 2
Делчево 971, активни 9
Дебар 940, активен 1
Виница 882, активни 18
Пробиштип 789, активни 2
Валандово 666, активни 1
Богданци 494, активни 2
Крушево 490, активни 4
Демир Хисар 397, активни 3
Демир Капија 396, активни 0
Кратово 374, активни 10
Македонски Брод 359, активни 3
Пехчево 268, активни 0
Македонска Каменица 249, активни 5
Дојран 132, активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири
Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно.
„Клиничкиот центар има заеднички служби кои се наменети за тоа, тоа им е примамрна обврска да се грижат за Клинички центар и за сите хаварии што можат да се случат. Хаваријата со цевката за парно е санирана уште вчера од страна на заеднички служби“, рече Демири.
Дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на Клиниките кои морам да ги проверам, додаде министерот.
Во однос на болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири кажа дека има една голема неправда направена на Токсикологија, а тоа е необезбедување на согласност од страна на менаџментот на таа институција за обезбедување договори за 18 вработени кои се дел од медицинските процедури, кои веќе 4 месеци служат на таа институција, а не добиваат никаква економска надокнада.
„Во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниту една законска процедура, чекам да дојде извештајот на Инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на 5 дена менаџментот да најде решание за 18 луѓе кои работат, а не добиваат надокнада. Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири.
На новинарско прашање, министерот одговори дека економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката.
„Не се точни наводите дека доаѓала на работа по четири саати, според моите сознанија“, додаде Демири
Македонија
„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори на 8 мај.
„Тоа не е точно, јас вчера имав многу јасна порака на митинзите во Сарај и Чучер Сандево. Ги повикувам сите гласачи масовно да излезат на 8 мај и да ги поддржат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и коалицијата За европска иднина на парламентарните избори. Да избереме и претседател и парламентарен состав, Македонија да продолжи на својот пат на европските инетеграции“, рече Ковачесвки.
Тој кажа дека никој не ги има гласачите под своја контрола за да ги наведува како да гласаат.
„Ја примивме пораката во првиот круг за сите грешки кои ги направивме минатите седум години. Очекуваме да ја добиеме поддршката во вториот круг. Нормално е дека нашето членство го повикавме на изборите. Свесни сме дека граѓаните испратија јасна порака до СДСМ, дека граѓаните укажаа на грешките. Работевме во услови на голема пандемија, енергетска и економска криза предизвикани од војната во Украина. Свесен сум за нивото на инфлација и цените. Се обидовме да ги зголемиме и платите и пензиите секој да се справи на најдобар начин со оваа криза. Знам дека тоа не беше доволно, знам дека треба повеќе. Во новата програма имаме и зголемување на платите и на пензиите и секако многу јасни мерки во однос на владеење на правото и борбата против корупцијата“, кажа Ковачевски.
Тој очекува во вториот круг поддршка од сите граѓани во Македонија.
Ковачевски кажа дека Пендаровски е граѓански кандидат и ја бара поддршката од граѓаните, а не од претседателските кандидат коишто не се пласирале во вториот круг.
„Имаме разговори со политичките партии на различни нивоа и ги повикувам сите да имаме масовна излезност на 8 мај. Да избереме претседател на државата со којшто ќе имаме сигурна европска иднина и да избереме парламент што ќе носи храбри одлуки за државата, за да го дадеме на граѓаните она што го заслужуваат и очекуваат“, рече лидерот на СДСМ.
Тој додаде дека со крената глава продолжуваат во вториот круг и знае од што се незадоволни граѓните.
Македонија
(Видео) Стојаноска: Време е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега
„Во текот на вчерашниот ден направивме анализа од резултатите од првиот изборен ден на претседателските избори и истото покажува дека голем број на нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми и Бошњаци го имаат дадено својот глас за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова“, рече Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.
„Во име на тоа, од срце им се заблагодарувам на сите мои сограѓани и ги повикувам истото да го направат да го направат и во вториот круг имено ВМРО-ДПМНЕ подава рака кон сите, време е, момент е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега, туку да вложиме да инвестираме во вистинска слобода, вистинска благосостојба и вистински соживот особено за нас особено во шестата изборна единица. Време е заедно да се спротивставиме на криминалот и Македонија да ја направиме своја и горда“, изјави Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.