Македонија
Шест кучиња во „Лајка“ чекаат да бидат удомени
Град Скопје и ЈП „Лајка“ ги повикуваат граѓаните да се обратат во прифатилиштето и да удомат куче.
Од Град Скопје информираат дека шест кучиња се подготвени за удомување и го очекуваат својот сопственик.
„Овие шест миленици се меѓу првите бездомни кучиња, кои, по пријава на граѓани, беа заловени и го поминаа хуманиот третман во прифатилиштето нa ЈП ‘Лајка’. Тимот на негуватели им посветува љубов и внимание и се грижи за нивните секојдневни потреби. Во моментот активно се работи на нивна социјализација и се бара нивен дом. Доколку не бидат удомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици“, се наведува во соопштението.
Секој граѓанин што ќе сака да удоми куче, пред сè, ќе треба да пополни прашалник за удомување по што ќе разговара со стручно лице вработено во прифатилиштето за да се процени дали и колку удомувачот е соодветен и би бил одговорен сопственик. Доколку се покаже дека удомувачот е соодветен, тој ќе оствари контакт со кучето што сака да го удоми минимум двапати, да го посети прифатилиштето и да помине време со него.
Назначени вработени од прифатилиштето на ЈП „Лајка“ ќе имаат обврска да го посетат удомувачот со цел да се утврди дали тој го чува соодветно и во согласност со Законот за благосостојба на животните.
Доколку заинтерсираните граѓани сакаат да удомат миленик, како и за сите дополнителни информации, може да се обратат на [email protected] и на телефонскиот број: 022565859
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

