Македонија
Шилегов на средби со градоначалниците на Подгорица и на Пловдив

Градоначалникот Шилегов вчеравечер имаше работна вечера со делегација од збратимениот град Подгорица, Црна Гора, предводена од градоначалникот Иван Вуковиќ. Двајцата градоначалници разговараа за досегашната соработка меѓу двата збратимени града и за можноста за продлабочување на таа соработка во повеќе области од урбаното живеење.
Денеска, пак, градоначалникот Шилегов се сретна со градоначалникот на Пловдив, Бугарија, Иван Тотев. На средбата се разговараше за интересот на Град Скопје да се кандидира за Европска престолнина на културата во 2028 година и за искуствата и соработката со Градот Пловдив, кој е Европска престолнина на културата 2019 година.
Делегациите од Подгорица и од Пловдив присуствува на денешното чествување на Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември и положија цвеќиња пред Споменикот на ослободителите. Вечер делегациите од двата града ќе присуствуваат на доделувањето на наградите „13 Ноември“ и на концертот на Македонската филхармонија, што се организира по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Скопје.
Градот Скопје и Градот Подгорица се збратимени од 2008 година и годинава одбележуваат 10 години од збратимувањето. Двата града негуваат плодна соработка и разменуваат позитивни искуства, особено за прашања од комуналната сфера и урбаните проблеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Сопиште, Кисела Вода и Зелениково

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Долно Соње, општина Сопиште;
· од 09:30 до 11:30 часот, корисниците од улиците: Партизански пат, Илија Ристевски и дел од Драчевска во село Драчево, општина Кисела Вода;
· од 09:30 до 15:00 часот, корисниците од селата: Дејковец и Добрино, општина Зелениково.
Македонија
Делови од Центар и Гази Баба денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта на ул.Ленинова бр. 73, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Ленинова (на потегот од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов до ул. Никола Тримпаре), општина Центар;
· поради изведувње на водоводен приклучок на ул. Индустриска, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, oпштина Гази Баба;
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф-90мм на Булевар Илинден бб кај ресторан Гарден, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Тениското игралиште, општина Центар.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
АМСМ известува дека денеска во време од 08:00–16:00 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка ХРОНО, при што сообраќајот на регионалниот пат граничен премин Пелинце на потегот од раскрсницата за село Драгоманце до Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде запрен.
Исто така, истиот ден на 22.07.2025 година во време од 08.00–17.00 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка МОУНТАИН БАЈК (тренинг), при што сообраќајот на патот во село Добршане на регионалниот пат за Свети Николе до местото викано Студена Вода ќе биде запрен.
Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е планирано и за 23.7. и 24.7.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата, времето на чекање е околу 15-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.