Македонија
Шилегов: Попладне дојдете на Рекорд, улицата ќе биде пешачка зона
Градоначалникот Шилегов ги поканува граѓаните на големата вело-фиеста што ќе се одржи попладнево на улицата Димитрија Чуповски, кај Рекорд, како дел од одбележувањето на Европската недела на мобилноста 2019. Улицата Димитрија Чуповски, денеска, од 18 часот, ќе биде затворена за сообраќај, а од 19 часот на нејзиниот коловоз ќе се организира дружење и забава на отворено, со освежување и содржини за деца.
„Дојдете заедно да го почувствуваме отворениот простор и да видиме како ќе изгледа Малиот ринг во иднина, ослободен од моторизиран сообраќај. Донесете ги и своите деца, ќе има многу забавни содржини и за нив и за возрасните“, вели Шилегов.
Активностите на Европската недела на мобилноста 2019, кои се посветени на алтернативните форми на транспорт, се организираат со мото: „Пешачи со нас“. Партнер на Град Скопје во реализацијата на овој проект е здружението на граѓани „Македонски зелен центар“, а во организирањето на многубројните активности ќе учествуваат и Делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, неколку скопски општини, средните училишта и центрите на култура на Град Скопје, GIZ, Црвениот крст, МВР, ЈСП, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Македонската велосипедска федерација, Цементарницата „Титан“, како и повеќе здруженија на граѓани, меѓу кои „Прв до врв“, „Екосвест“, „Екологик“, „Гоу грин“, „Смарт ап“, „Електромобилност“ и други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.
Македонија
Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.

