Македонија
Шилегов: Скопските семејства со деца ќе може да заштедат и до 400 евра годишно
Согласно новите најавени мерки од страна на градоначалникот Петре Шилегов, просечно скопско семејство со две деца или повеќе деца во градинка и основно училиште, на годишна основа ќе може да заштеди меѓу 350 и 400 евра на храна.
„Објавените мерки за субвенционирање на оброците за храна во скопските градинки и основни училишта на едно просечно скопско семејство со две деца, на годишна основна може да му овозможат заштита помеѓу 350 и 400 евра, покажуваат деталните пресметки. Така, семејствата кои имаат само едно дете во градинка ќе можат да заштедат до 150 евра годишно, благодарение на помошта и субвенционирањето од страна на градот, а двојно или тројно повеќе ќе заштедат оние семејства кои имаат две или три деца во градинка, основно училиште“, вели Шилегов.
Со ваквите мерки, просечното плаќање од 1450 денари за градинка во Скопје, се намалуваат до 700 денари месечно. Кога на ваквата мерка ќе се додаде и таа за субвенционирање на храната за учениците во основните училишта, со 50% од сумата на чинење, која сега изнесува околу 2000 денари месечно, тогаш пресметките покажуваат дека родителите на годишна основа ќе може да заштедат и до 200 евра.
На овој начин, значајно се олеснува семејниот буџет, а родителите ќе плаќаат поевтини оброци за сопствените деца, кои градот и општините ќе ги субвенционираат со 50% од вредноста. Како додадена вредност кон ваквите мерки е и онаа за добивање на бесплатно овошје за сите средношколци, со што директно се промовираат здравите навики кај младите поколенија. Со сите овие предлог мерки, градоначалникот Шилегов во следните четири години ќе овозможи поинаква социјална слика на градот, а Скопје ќе стане социјално свесен град, каде граѓаните ќе имаат посреќни мигови и поквалитетен начин на живот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

