Македонија
Штекли доставил психијатриско мислење дека не е способен да го следи судењето, рочиштето одложено за август
Почетокот на судскиот процес против Раде Трајковски, познат како Штекли, и уште девет лица обвинети за организирана трговија со дрога е одложено за 7 август.
Судот претходно информира дека Трајковски бил во неконтактибилна и дезориентирана состојба поради што бил итно пренесен во болница, но подоцна стигна информација дека неговото транспортирање се одложило поради потреба од полициска асистенција.
Судијата посочи дека судот не може да чека цел ден да се однесе обвинетиот на лекар и го презакажа рочиштето за почетокот на август. Обвинителството во меѓувреме ја навести и можноста за ново психијатриско вештачење откога обвинетиот доставил мислење дека не е способен да го следи процесот.
Станува збор за случај што произлегува од долготрајна истрага спроведена од Обвинителството за гонење организиран криминал, во која првично беа опфатени вкупно 16 лица. Некои од нив веќе склучија спогодби со Обвинителството и добија затворски казни, а главното рочиште треба да ги опфати другите десетмина обвинети. Според обвинението, групата функционирала со јасно утврдена структура, а дрогата се чувала во изнајмени станови и се продавала на црниот пазар по однапред утврдени цени. Комуникацијата меѓу членовите се одвивала преку мобилни апликации, а клучни докази биле обезбедени преку анализа на телефонски уреди со специјализиран софтвер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

