Македонија
Што стана со кривичните пријави на СДСМ против Османи и Џафери, прашува Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ
Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ го прашува премиерот Зоран Заев што станало со кривичните пријави кои што СДСМ наводно ги поднела против Бујар Османи и Муса Џафери.
„Заев во емисија со новинарот Мухамед Зекири јавно кажа дека се поднесени кривични пријави од СДСМ против Бујар Османи, Муса Џафери и други лица за сторен криминал. Бараме Заев јавно да каже што стана со поднесени кривични пријави за овие лица или пак СДСМ ги повлекле кривичните пријави против сега вицепремиерот во ВладатаБујар Османи, Муса Џафери и останатите високи функцинери“, прашуваат од фракцијата.
Исто така, велат од таму, сметаме дека за оваа работа треба јавно да се произнесе и Јавното обвинителство до кое се поднесени кривичните пријави.
„Ја претпочитаме презумпцијата на невиност, но дали е етички ваков човек да имате за вицепремиер, во кој и самиот премиер се сомнева дека сторил криминал и затоа поднел кривична пријава?!“, прашуваат од Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму велат дека е редно Заев да каже и против кои двајца министри се води предистражна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

