Македонија
Ѓорчев во Институтот за конзервативна соработка од Вашингтон: ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени
Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во Вашингтон оствари средба со Џим Де Минт, претседател на Институтот за конзервативна соработка (ЦПИ) близок до Републиканската партија.
Ѓорчев го информираше соговорникот за актуелната политичка состојба во Македонија после неуспешниот референдум на 30-ти септември, на кој што политиките на Зоран Заев доживеаја тежок пораз.
,,На референдумот граѓаните во големо мнозинство искажаа незадоволство од предлозите на владата на СДСМ, порачувајќи дека не даваат поддршка за уставните измени. Од тие причини, ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука во Собранието да не гласа за уставните измени кои што ги предлага владата на Зоран Заев. Истовремено, Македонија се соочува со влошена економија, зголемен долг, засилен политички прогон, суспендирана демократија и намалени медиумски слободи”, се вели во соопштението.
Ѓорчев го нагласи значењето на долгорочната соработка и сојузништво на Македонија и САД, кое што го поддржуваат и промовираат поголем број на организации како Институтот за конзервативна соработка. Џим Де Минт е поранешен републикански конгресмен и сенатор од Јужна Каролина, а потоа беше претседател на фондацијата Херитиџ. Сега е претседател на Институтот за конзервативна соработка (ЦПИ) во Вашингтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.