Македонија
Ѓорчев во шпанскиот Сенат се обратил под уставното име на државава
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и шеф на делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ, Влатко Ѓорчев, се обрати на конференцијата за борба против тероризмот и жртвите на тероризмот, која се одржува во Сенатот на Шпанија, информираат од неговата партија.
Оттаму додаваат дека на конференцијата пратеникот учествувал и настапил под Уставното име – Република Македонија, што го користел во сите свои обраќања и за време на сите билатерални средби.

Како што се наведува во соопштението, Ѓорчев во своето обраќање истакнал дека тероризмот претставува закана за слободните општества и за демократиите, како и за целиот свет.
„Ѓорчев истакна дека Македонија се придружи во меѓународната коалиција за борба против тероризмот и дека припадниците на АРМ активно учествуваат во меѓународните безбедносни мисии. Нагласи дека треба да продолжи меѓународната соработка за борба против тероризмот, особено во делот на размена на информациите помеѓу земјите што заеднички се борат против тероризмот. Истовремено, треба да се засили соработката со локалните заедници во насока на спречување на радикализацијата на младите луѓе. Вложувањето во образованието, можноста за вработување на младите и демократскиот амбиент се силен инструмент на демократските општества во борбата против тероризмот“, пренесуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот ги поздравил присутните семејства од Шпанија, САД, Франција и од Белгија, кои биле жртви на тероризмот, и додал дека и Македонија има свои жртви и сеќавања. Тој исто така учествувал и на церемонија за положување цвеќе и за оддавање почит за жртвите на тероризмот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

