Македонија
Ѓорѓиевски: Началник на СВР Штип е лице кое добило кривична за криумчарење мигранти
Спасовски веќе два месеци на позицијата началник на СВР Штип го држи Љупчо Трајковски, против кого според нашите информации е поднесена кривична пријава за криумчарење на мигранти, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој кажа дека против Трајковски, надлежниот суд имал изречено мерка на претпазливост – одземање на патна исправа.
„Трајковски, иако осомничен за сериозно крвично дело, против човечноста и меѓународното право, за кое според ст. 5 од чл. 418-б, бидејќи истиот е службено лице му се заканува казна затвор од најмалку десет години, се уште ја извршува функцијата началник. Како може граѓаните од Источна Македонија да се чувствуваат безбедни кога главниот полицаец на истокот е лице кое е осомничено за кривично дело за кое казната затвор е над десет години“, праша Ѓорѓиевски.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Трајковски не бил првиот случај во кој што првите соработници на Спасовски биле фатени во криминал, а потоа остануваат да ги вршат функциите. Ѓорѓиевски додава дека советникот на Спасовски, Драган Симоновски бил приведен под сомнение дека уценувал преку оддавање на ПИ мерки. Притвор немало, а советникот на Спасовски продолжил да оди на работа, додека доказите мистериозно исчезнале и обвинителството се откажало од прогон.
„Луѓе како Трајковски и Симоновски не смеат да бидат лице на МВР. Граѓаните заслужуваат чесна и професионална полиција, а не полиција со која командувааг криминалци.
МВР мора да биде во функција на граѓаните“, рече Ѓорѓиевски и додаде дека е потребна промена на СДСМ, а за да се случи тоа потребна е масовна излезеност на претседателските избори и гласање за Гордана Силјановска Давкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

