Македонија
Ѓорѓиевски: Одбележувањето на Денот на учителите значи признание за нивната посветена и благородна работа
Наставниците од основните училишта во Кисела Вода добија благодарници за заложбите во наставниот процес. На овој начин Општина Кисела Вода, во чест на 5 Октомври, Светскиот ден на учителот, им оддаде признание за нивната посветена и благородна работа. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го посети ООУ „Партенија Зографски“, од каде што упати честитка до сите наставници и им посака уште поуспешна работа.
„Одбележувањето на Денот на учителот значи почит за нивниот ангажман. Значи дека сме свесни за тежината на нивната работа и љубовта што ни ја дале, значи големо благодарам за сè што сториле за нас. Не постои човек што не ги памети училишните денови, возбудата, ентузијазмот, но и стравот што може да го има едно дете соочено со непознатото. Тие, нашите учители, беа тука да нè храбрат, да ни го покажат патот, да ни ја отворат вратата кон новите поглавја во нашите животи. Говорејќи како градоначалник на општина Кисела Вода, сакам да ја нагласам улогата на локалната самоуправа во креирањето современи и модерни услови за изведување на наставата. Тоа е нашиот влог во создавањето средина, во која наставникот ќе може да им даде квалитетно образование на учениците, а тој ќе ужива достоинство во својата професија. Тоа е нашиот начин да им се оддолжиме на нашите учители, кои се мошне важни фигури во процесот на растење и созревање и значаен фактор во трансформацијата кон сето она што сме денес. Им го честитам Светскиот ден на учителот и им посакувам уште поуспешна работа“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски при денешната посета на ООУ “Партенија Зографски“.
УНЕСКО го прогласи денешниот 5 октомври за Меѓународен ден на учителите во 1993 година. Интернационалата за образование, која претставува 29 милиони образовни работници во 166 земји, го празнува Светскиот ден на учителот од 1966 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

