Македонија
Ѓурѓај: Односите на македонското и грчкотo малцинство во Албанија се коректни

Односите и соработката на здруженијата на македонското и грчкото малцинство во Албанија се мошне коректни и добри. Оваа оценка ја изнесува Никола Ѓурѓај, претседателот на македонското здружение „Илинден“ со седиште во Тирана.
Ѓурѓај, кој инаку е и главен уредник на весникот „Илинден“, за „Макфакс“ изјави дека комуникацијата на македонските здруженија во Албанија со здружението „Омонија“ на грчкото малцинство секогаш се на потребно ниво и се мошне коректни.
„Слична е и соработката со здруженијата на другите малцинства бидејки барањата на малцинствата во Албанија се исти. Ние не сме имале конфронтации околу националното прашање“, истакнува Ѓурѓај.
Во врска со влијанието на Грција врз грчкото малцинство во Албанија околу нивниот став кон македонското малцинство, Ѓурѓај истакнува дека тие добиваат насоки од Атина, но се коректни и заеднички ги бранат интересите на своите малцинствца.
„На состаноците кои често ги имаат малциствата во Албанија ние сме Македонци, а тие Грци и како такви се почитуваме“, вели претседателот на македонското здружение „Илинден“.
К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Меџити прими жители од Страчинце: Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес ги прими во својот кабинет жителите од селото Страчинце, со кои одржа отворен состанок за одлуката за одбивање на барањето за отворање на каменолом во оваа скопско село.
Министерот Меџити ги информираше жителите за професионалните и институционалните причини што доведоа до оваа одлука. Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина, ризик од поплави и негативно влијание врз јавното здравје, велат од Министерството.
На состанокот беше истакнато дека приоритет е заштитата на животот и благосостојбата на граѓаните над секој економски интерес.
Меџити истакна дека следниот чекор е конечно поништување на концесијата во Влада, со што ова прашање ќе добие трајно решение.
Жителите на Страчинце се заблагодарија за одлуката и за приемот што го оствари министерот Меџити, нагласувајќи дека овој состанок е пример за владеење со отворен дијалог и чесна соработка со граѓаните.