Македонија
Јавна дебата за нацрт-текстот на предлогот на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси
Јавната дебата за нацрт-текстот на предлогот на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси продолжи на денешната трибина со политичките партии во организација на платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и „Транспарентност Македонија“.

На дебатата, како што иформираа од Министерството за правда, учествуваше и министерката за правда, Рената Дескоска, која кусо се осврна на предлогот на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Таа притоа додаде дека во изминатиот период во Министерството за правда пристигнале одредени коментари што ќе го подобрат законскиот текст оценувајќи дека во моментот е понуден задоволителен законски текст, кој секако ќе биде дополнет и подобрен со добиените коментари и препораките од разни меѓународни извештаи, се наведува во соопштението.

Министерката Дескоска исто така ги информирала пристутните дека во моментот во Македонија е техничката мисија на ГРЕКО, која врши сондирање на законската рамка и одредени подзаконски акти што се однесуваат на оваа област.
Како што се посочува во соопштението на Министерството за правда, организаторот на дебатата, пак, изрази жалење што јавноста нема да има можност да ги чуе мислењата и предлозите на претставниците на опозицијата поради тоа што тие не биле присустни на неа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

