Македонија
Јакимовски: Да изградиме регионална НАТО-болница по сите стандарди, да го запреме иселувањето на медицинскиот персонал
„Како претседател на Република Македонија и она што е најважно, најголема поддршка ќе имаат младите лекари, поготово специјализантите коишто навистина во Република Македонија не наоѓаат на разбирање токму од здравствените власти и од Владата. И можете да замислите еден специјализант кој специјализира шест години да биде без здравствено осигурување, а токму да работи во здравствениот сектор“, кажа претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.
„Тоа е апсолутно недозволиво. Здравствените работници, поготово младите луѓе, не смееме веќе да дозволиме ниту еден млад лекат да се отсели од Република Македонија! Тие треба да добиваат, за време на сспецијализацијата, пристојна плата, за време на обуките коишто ги имаат, за да тие потоа го превземат теретот на здравството на Република Македонија. Инсистирам да придонесот за здравствено осигурување се врати на 13%. Тоа значи дека ќе имаме средства доволно и за покачување на платите во здравството и за обезбедување на материјални услови и за специјализација и за праќање во странство на здравствените работници, како и она што е најбитно, за набавка на нова опрема и усовршување на нови методи, инвазивни и неинвазивни методи за лечење на пациентите, како би можеле во што пократок рок повторно да се вратат во функционална способност, односно да се вратат луѓето на своите работни места“, рече Јакимовски.
„Исто така, упатувам најсериозна критика до оние што се крајно неспособни да 15 години се договараат да изградат клиничка болница и не можат да се договорат за процентите. Најсериозна критика затоа што десет години не можеме да ја изградиме клиничката болница во Штип, тоа се најсериозни критики што треба да ги имаат едни здравствени власти и згора на тоа уште бараат повторно поддршка од граѓаните за да продолжат со својата неспособност и неработење. Мојот предлог е: Дајте да изградиме болница по НАТО-стандарди и да стане регионална НАТО-болница во којашто ќе добиеме логистика, во којашто ќе добиеме опрема, во којашто ќе добиваат луѓето специјализации и во којашто ќе има и ќе може да се лечи комплетно безбедносниот сектор на Република Македонија и во исто време таа болница ќе внесува нови знаења и во исто време ќе носи приходи на Република Македонија. Значи, здравствениот сектор со намалување на придонесите од 13% на 7,6% буквално го уништивме и дојдовме на најниско рамниште. И во оваа ситуација кога ни се отселуваат и ни бегаат здравствените работници, не само универзитетските професори, не само специјалистите, туку бега и оној среден кадар и медицински сестри и така натаму. Значи ние мораме да направиме сѐ, ниту еден повеќе здравствен работник да не ја напушти Република Македонија, туку да создадеме материјални услови и претпоставки за да овде ги лечат граѓаните на Република Македонија“, истакна Јакимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

