Македонија
Јакимовски: Констатирани се недостатоци при изведбата на плафонот во градинката „Мајски цвет“
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, утрово повторно направи увид на ситуацијата во градинката „Мајски цвет“ и изврши консултација со експерти од областа при што беа констатирани недостатоци при изведбата на плафонот.
Јакимовски во обраќањето во живо од градинката соопшти три главни причини поради што дошло до паѓање на таванот.
![]()
„Побаравме експертско мислење и констатиравме недостатоци при изведбата. Конструкцијата на шините е конструкција за ѕид, а не за плафон, значи осовинското растојание е од 65 сантиметри, наместо да биде 50 сантиметри. Значи секоја табла требала да биде поставувана на 4 до 5 шини, а овде е поставувана на три. Втората голема причина е што шрафовите се премногу набивани и практично, оној слој на хартија што ја држи гипс-картонската плоча е пробиен. Тоа е втората причина поради што е дојдено до оваа ситуација. Третата причина е што местењето на гипс-картон на таван има свој систем, а овде се лепени цели плочи. На еден сосема мал дел натежнала водата, што придонело целиот плафон да се сруши како кула од карти. Ќе побарам вештачење и уште некое експертско мислење“, информираше Јакимовски.
Тој стравува дека може да се урне целиот таван од оваа градинка направена во 2019 година. Најави дека ќе побара измени во буџетот и итно да се види што ќе кажат стручните лица, како да се изврши санација во интерес на безбедноста на децата.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

