Македонија
Јанева пред Советот на јавни обвинители образложуваше зошто се откажа од „Пуч“
Тим на Специјалното јавно обвинителство предводен од обвинителката Катица Јанева во понеделник имаше работна средба во Советот на јавните обвинители.
Јанева, по завршувањето на средбата, рече дека се зборувало за тековни работи и проблеми со кои се соочува СЈО, но без да изнесе детали за тоа дали на барање на Советот ќе му го дадат предметот „Пуч“ од чие обвинение СЈО се откажа.
„Беше работна средба, ќе има уште вакви средби. Сè уште ништо не е конечно ќе разговараме и понатаму дали ќе им го предадеме предметот „Пуч“, рече Јанева по средбата.
Таа не ја коментираше претставката од МВР по која Советот побара СЈО да појасни зошто се откажало од понатамошно кривично гонење на пет лица меѓу кои и идерот на СДСМ Зоран Заев.
Во заедничкото соопштение од СЈО и Советот за јавни обвинители се вели дека на средбата станало збор по писменото барање на Советот за предавање на увид на списите по предметот „Пуч”.
СЈО во јануари соопшти дека се откажува од обвинението за „Пуч“ кое го наследни од Обвинителството за организиран криминал и корупција бидејќи доказите со кои располагаат се во спротивност со доказите до кои тие дошле во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“.
Во „Пуч“, покрај лидерот на СДСМ Зоран Заев, обвинети беа и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица, Бранко Палифров и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Тие беа осомничени за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

