Македонија
Јаневска: За воведување дуални студии кај нас го разгледуваме искуството на водечки германски универзитет
Група од 60-ина студенти и професори од кампусот на Државниот дуален универзитет „Баден – Виртемберг“ во Манхајм се во студиска посета на Македонија, а домаќин е Машинскиот факултет во Скопје. Денеска, средба со нив оствари министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на која беа разменети искуства за примената и ефикасноста на концептот на дуалното образование.
Јаневска посочи дека Македонија го воведе овој концепт во средните стручни училишта, постојано го надградува и промовира и дека голема поддршка добива од германски компании, кои со задоволство прифатија да бидат партнери на училиштата во практичното едуцирање на учениците.
„Во следниот период ќе се заложиме за воведување на моделот на дуално образование на високообразовните установи. Така што, искуството на овој германски универзитет ќе ни биде од исклучително голема важност. Очекувам и повторно да добиеме поддршка од германски компании за полесно да успееме во остварувањето на целта“, рече Јаневска.
Од Машинскиот факултет во Скопје информираат дека веќе иницирале отворање една дуална паралелка според германскиот модел, кој претставува тригодишни студии со задолжителна пракса во траење од 3 семестри и исто толку семестри теоретска настава. Се размислува и за развивање заедничка, интердисциплинарна програма со Државниот дуален универзитет „Баден – Виртембер“, која ќе комбинира академско знаење и практична обука, со можност за студентска размена, заеднички менторирани проекти, како и создавање програма од постдипломски студии или кратка специјализирана програма од заемен интерес.
Државниот дуален универзитет „Баден – Виртемберг“ е водечка германска институција за дуално образование, која има девет кампуси што комбинираат обука на работно место и академски студии постигнувајќи блиска интеграција на теоријата и практиката. Универзитетот е основан 1974 година и во моментот има над 35.000 студенти. Кампусот во Манхајм е втор по големина, со 6.000 студенти на повеќе од 45 студиски програми и 2.000 компании партнери во образовниот процес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

