Македонија
Јаневска: Концепцијата може да претрпи промена, задоволна сум што предизвика бурни дискусии и предлози

Можеби звучи контрадикторно, но јас сум многу задоволна што новата концепција предизвика такви бурни дискусии, разговори, предлози. Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска, прашана од новинарите дали следниот предвиден чекор за концепцијата за гимназиско образование е пролонгирање, особено по реакциите од иститути и катедри од Филозофскиот факултет.
„Секако дека може да се продолжи. Ние мошне сериозно ги сфаќаме сите изјави дадени од сите факултети, иако главно станува збор за Филозофскиот факултет“, рече Јаневска.
Министерката повтори дека станува збор за нацрт-концепција, која може да претрпи промени.
„Продолживаме и понамау, малку ќе се придвижиме и на терен и секако дека ќе работиме и понатаму на подобрување на концепцијата, иако со големо задоволство кажувам дека за разлика на дел од стручната јавност, веќе добиваме силна поддршка од младите“, рече Јаневска.
Претходно, некои од гимназиските професори преку отворено писмо се спротивставија на новата концепција коментирајќи дека со отстранувањето на предметот филозофија во македонското образование не само што се отсекуваме од основите на европската цивилизација и мисла туку стануваме периферија која самостојно избрала да се апстрахира и од современите текови. Министерката по писмото одговори дека не е точно оти предметите филозофија и логика се исклучени од концептот за реформа во гимназиското образование, туку се работи за нацрт-верзија поставена на јавна расправа. Јаневска тогаш објасни дека во моментот се прибираат сугестии, забелешки, предлози и кога ќе заврши јавната расправа, ќе биде донесен конечниот заклучок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од недела промена на времето, метеоролозите највуваат пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 43 степени.
Во недела и во првата половина од следната седмица ќе има промена на временската состојба. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, јавува УХМР. Ветерот ќе го промени правецот во северен, а дневната температурата ќе биде во опаѓање.
Македонија
Се’ уште се трага по девојчето кое го одвлече Вардар – 29-годишната соселанка се обидувла да го извлече од водата

Прпиадници на полицијата, армијата, нуркачи, кајакари се во интензивна потрага по 16-годишното девојче од селото Уланици, Градско, кое вчера беше одвлечено додека се капело во водите на Вардар.
Девојчето влегло во водата заедно со 29-годишна девојка од истото село, којашто успеала да се спаси. На малолетното девојче му се изгубило секаква трага, а помош побарала неговата сестра. Денес и семејството на девојчето ја следеше потрагата, која засега е безуспешна, според информациите од терен за „Макфакс“.
Од полицијата велат дека случајот бил пријавен вчера околу 16.30 часот. Според пријавата, К.П.(29) од Скопје, со привремен престој во селото Уланци, општина Градско и 16-годишно девојче од истото село, се капеле во водите на реката Вардар во близина на Уланци. Малолетничката била одвлечена по течението на реката. К.П. неколку пати се обидела да ја извлече, но не успеала.
Македонија
Перински во Гевгелија: Инфраструктурниот бум е она што ја издвојува оваа Влада од сите претходни

Денеска во Гевгелија, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со премиерот, Христијан Мицкоски, градоначалникот, Андон Сарамандов и министерот за транспорт, Александар Николовски, присуствуваа на увид во градежните активности на три значајни инфраструктурни проекти.
Министерот Перински при посетата посочи дека овие три проекти, изградбата на западниот Булевар „Свети Климент Охридски“, изградбата на кружна крстосница на влезот во Гевгелија и мост над канал Рауљ како и проектот за реконструкција на дел од Булевар Гевгелија и надпатникот на ул. Железничка и железничка пруга, претставуваат инфраструктурни зафати од исклучителна важност за општината. Тој додаде дека со нив се решаваат реални и децениски наталожени предизвици на граѓаните, за кои долго време никој немал храброст ниту волја да ги реши.
„Ова е она што ја издвојува оваа Влада од сите претходни. Благодарение на заложбите и посветеноста на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, покажавме дека сме вистински и сериозен партнер на сите општини.“, дополни министерот.
Тој потенцираше дека успехот и динамиката на реализација на проектите зависи најмногу од првиот човек во општината. Според него градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, со визија, посветеност и проактивен пристап ги води процесите и обезбедува проекти што оставаат видлива и долготрајна корист за општината.