Македонија
Јанев на симулациска вежба „Стоп за петардите – опасни, штетни и ни малку „кул“
Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев денеска ја проследи симулациската вежба што во организација на Одделението за превенција на СВР Скопје а во соработка со скопската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија и Црвениот крст на РСМ на темата околу здравствените ризици од незаконската употреба на пиротехнички средства беше спроведена во центарот на Скопје на плоштадот „Македонија“ (во близина на „Порта Македонија“).
На вежбата на која што учествуваа и ученици од две скопски средни училишта – „Марија Склодовска Кири“ и „Владо Тасевски“ беа направени конкретни покази за сите здравствени ризици по оние што употребуваат приротехнички средства – пред се повреди на ектремитети (раце и нозе), повреди на глава и справувањето со истите.
Практично оваа активност е дел од континуираните превентивни активности на македонската полиција во различни сегметни од безбедноста и заштитата на сигурноста на граѓаните, што се одвиваат на подрачјата на сите осум Сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР.
Обраќајќи им се на средношколците учесници во показната вежба директорот Јанев истакна дека пиротехниката ниту била ниту може да биде средство за забава или прослава, особено не за децата и младите, притоа посочувајќи ја точноста и секако важноста на пораката што средношколците ја упатија преку пригодно отпечатените плакати: „Стоп за петардите – опасни, штетни и ни малку „кул“!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

