Македонија
(Видео) Јанушев: Во наредните денови следуваат акции против промена на името
Во наредните денови ќе следат многу активности и настани, ќе направиме сѐ што е во согласност со Уставот и законите за да спречиме капитулација на државата, рече генералниот секреатар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на протестниот марш во Битола.
„Ние сме најголема партија во Македонија, без разлика што сме опозиција, ќе продолжиме да делуваме за добробит на сите граѓани и заштита на националните интереси на Македонија“, рече Јанушев и додаде дека ќе направат и преземат сѐ што е можно за да го спречат менувањето на името.
Тој објасни дека првично денеска било планирано да се одбележи роденденот на партијата во Битола, но поради последните случувања, одлучиле да организираат протестен марш за да го искажат незадоволството од спогодбата склучена помеѓу Македонија и Грција.
Како што кажа Јанушев, црвената линија на ВМРО-ДПМНЕ е дека не се согласуваат на промена на Уставот со цел промена на уставното име.
„Тоа што денес се случи е класична капитулација. Ова е еден приватен договор на премиерот Зоран Заев кој што се обидува да го наметне на македонската јавност и на целата држава“, заклучи Јанушев.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

