Македонија
Јанушев: Не треба да се одлагаат изборите, Заев имаше три години да ги донесе законите

Избори ќе има. Изборите се договорни од сите политички субјекти на лидерската средба кај Пендаровски и од тоа нема бегање. Ова го изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, запрашан за коментар по изјавата на премиерот Зоран Заев дека е можно одложување на изборите доколку не се донесат, како што рече, суштинските закони.
„Има помалку од 10-ина дена од заминувањето на Заев од премиерската позиција. Веројатно, човекот го фаќа паника и едноставно со немањето друг маневар се обидува на секој можен начин да се обиде да ги одложи изборите. Имаа три години буквално да ги донесат сите закони за кои сметаат дека ќе имаат бенефит за граѓаните и за Република Македонија, меѓутоа тоа не го направија, напротив една шајка не успеаја да заковаат овие три години, немаат буквално еден проект што го реализираа. Единствено ги кочеа оние проекти што ги наследија, станува збор за убедливо најнеспособната Влада во историјата на државата и со сите тие работи што ги имате на памет, единствено логично е да се обидат да бегаат од избори, но тоа нема да се дозволи. Избори на 12 април ќе има“, рече Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.
Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
(Фото: илустрација, архива)
Македонија
Муцунски во Стразбур: Потврдена посветеноста за унапредување на демократијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стразбур, денеска оствари одвоени средби со Генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Шацивасилиу, и со Вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (CEB), Томаш Бочек.
На средбата со Генералниот секретар Деспина Шацивасилиу беше потврдена посветеноста на Република Северна Македонија за унапредување на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и активното учество на нашата држава во рамки на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Со Вицегувернерот Томаш Бочек беше нагласена континуираната поддршка и конструктивната соработка со Банката за развој на Советот на Европа преку реализираните проекти на CEB во Северна Македонија. Воедно, беа разгледани конкретните можности за понатамошно продлабочување на оваа соработка во контекст на европската интеграција и регионалната стабилност.
Македонија
Откако Филипче замина во Франција да лобира за Македонија, владата падна, очекуваме да видиме каков Француски предлог ќе донесе повторно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Откако Венко Филипче замина во Франција, владата падна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И откако Венко Филипче отиде да лобира за Македонија очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков Француски предлог повторно ќе донесе, откако еднаш веќе ја забетонираа државата во место со нивното лобирање.
Исто така очекуваме да видиме како Венко Филипче ќе ги заштити Македонските интереси откако еднаш ги избриша“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, кога Венко Филипче лобира за Македонија и македонските интереси, народот главата го боли цела година потоа.