Македонија
Јанушев: Со обновата ќе почне реалното зголемување на платите и пензиите
Носителот на изборната единица 3, Игор Јанушев, ја посети општината Македонска Каменица од каде што порача дека со победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде обновата на Република Македонија, а со обновата ќе дојдат многу мерки и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните.
„Денеска сме во посета на Македонска Каменица заедно со кандидатот за пратеник г-ѓа Даниела Христова. Планираме да го посетиме пазарот, да поразговараме со граѓаните на Македонска Каменица, ќе имаме и неколку состаноци со целни групи. Она што го добиваме како порака, впрочем и од цела Република Македонија, е дека поддршката е на страна на ВМРО-ДПМНЕ, поддршката е на страна на обновата, поддршката е на страна на Република Македонија. Изминативе денови имавме еден интересен настан каде што СДСМ предводен од Заев организираше митинг што би го нарекол слепа улица, каде што се наоѓа бездна. И тие се обидуваат да нè повлечат во таа слепа улица и во таа бездна. Но она што македонскиот трудољубив народ го порачува е дека тие сами можат да останат во слепата улица и сами да го продолжат патот кон бездната, ние сите заедно, сплотени и здружени се движиме кон обнова на Македонија“, истакна Јанушев.
Јанушев додаде дека во СДСМ во очај и немоќ стануваат свесни дека губат и паѓаат, а во недостиг на проекти и она што не направиле за државата во овие три години откако се на власт, се бранат со закани.
„Ние ќе продолжиме со презентирање на наши проекти и мерки, ќе кажеме сè што планираме да направиме во овие четири години. И тоа зголемување на платите, зголемување на пензиите, намалување на невработеноста, овозможување нподобар живот за секој еден граѓанин во Република Македонија“, порача Јанушев.
Јанушев вети дека обновата доаѓа на 15 јули, денот кога Република Македонија ќе се исправи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

