Македонија
Јанчева: Новите контејнери што ги набави Град Скопје се според европските технолошки стандарди
Набавени се нови контејнери кои се највисокиот технолошки стандард применет во Европа, изјави Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје и претседателка на ОО СДСМ Аеродром.
Со 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри, рече Јанчева, ќе бидат заменети над 1.800 од 4.500 досегашни стари контејнери.
„Новите контејнери се речиси со 3 пати поголем капацитет од досегашните, опремени со механизам за автоматско затворање на капакот и упатства за правилно користење. Истовремено, во соработка со ‘Пакомак’ набавени се и 30 контејнери со капацитет од 2.200 литри за селектирање отпад. Со оглед на тоа што станува збор за сосема нов систем, градот набави 4 нови комунални возила за третман на овие контејнери. Овие возила се опремени со технолошки најсовремен систем за странично собирање на отпадот, што значително ќе го забрза и поевтини процесот на собирање комунален отпад во нашиот град“, најави претседателката на Советот.
Град Скопје набавил и 950 нови канти за џебен отпад, што преставува зголемување од една половина од досегашните 1.750 канти. 850 од нив се направени од еластичен материјал и дополнително се заштитени од непрописно полнење со кеси полни со комунален отпад и од растурање на ѓубрето од уличните животни. Другите 100 канти се приспособени и за отпадоци од домашните миленици.
„Овие канти заедно со новите 12 електрични машини за вакуумско чистење и новите 10 електрични возила за чистење и миење јавни површини, освен што го зголемуваат техничкиот потенцијал, дополнително претставуваат можност за граѓаните заеднички да се грижиме за хигиената на јавниот простор во нашиот град. Возилата за миење и чистење се наменети за одржување на хигиената на јавните простори, пред сè, шеталиштата, тротоарите и вело-патеките. Се работи за технолошки најсовремени машини на електричен погон заради што воопшто нема да го загадуваат воздухот во Скопје“, додаде Јанчева.
Рече дека Град Скопје ќе продолжи со инвестирање во техничките и човечките ресурси за одржување на хигиената, ќе продолжи и со кампањите за правилно постапување со отпадот и ќе го засили инспекцискиот надзор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

