Македонија
„Јахја Кемал“: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас

„Секоја година пред уписите одредени центри шират невистини за нас”, реагира управата на ПСУ ,,Јахја Кемал”. „Истите центри ги упатуваме, доколку имаат конкретни информации и докази за нашите училишта, да се обратат на државните органи и судски инстанци, а не да шират секоја година лаги и невистини со што ја манупулираат јавноста”, се вели во соопштението.
Училиштата „Јахја Кемал“ се основани во 1996 година со одлука на Владата. „Од тогаш па до денеска имаат стекнато реноме во областа на воспитно-образовната дејност како во рамките на нашата држава така и на меѓународно ниво. За брендот на ПСУ ,,Јахја Кемал” зборуваат освоените многубројни врвни резултати во полето на воспитно-образовната дејност како во државните така и на меѓународните научни олимпијади. Исто така, матурантите со стекнатите меѓународно признати дипломи на нашето училиште се запишуваат на најелитните универзитети во светот со целосна стипендија, со што го докажуваат квалитетот на стекнатото образование во нашите училишта. За жал, за да се влијае на бројот на учениците кои сакаат своето образование да го стекнат во нашите училишта, секоја година во периодот на уписи за наредна учебна година од одредени центри се шират невистини и клевети за нас. Истите центри ги упатуваме, доколку имаат конкретни информации и докази за нашите училишта, да се обратат на државните органи и судски инстанци, а не да шират секоја година лаги и невистини со што ја манупулираат јавноста”, се вели во соопштението на Генералната управа на ПСУ ,,Јахја Кемал”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.