Македонија
(Видео) Јовески најави поединечно оценување на сите обвинители
Јавниот обвинител, Љубомир Јовески, најави поеднинечно оценување на работата на јавните обвинители преку систем за утврдување на резултатите на обвинителите.
„На овој начин ќе се евидентира работата и ќе се детектираат слабостите во работењето на секој јавен обвинител со единствена цел, зголемување на ефикасноста во постапувањето“, рече тој.
Во своето годишно обраќање тој истакна дека 2019 е година во која се докажало дека Обвинителството самостојно работи и одлуките не се носат во нечии кабинети.
„Потребно е носење нов закон за Јавно обвинителство, но тој мора да биде квалитетен и издржан. Подобро е да не се донесе закон отколку да се донесе лош закон“, рече Јовески.
Во оваа година биле подобрени просторните услови на 11 основни јавни обвинителства, а од тие 11, три ќе добијат нови комплетно опремени простории. Јавниот обвинител се пофали дека за разлика од минатото, сега Обвинителството е потранспарентно и истакна дека за разлика од порано, сега се постапува и по сопствена иницијатива.
„Еден од принципите за кој особено инсистирам е транспарентноста. Имаме редовна и навремена комуникација со медиумите. Вие новинарите сте поддршка за нашата работа“, рече Јовески.
Според Јовески, доказ дека никој не е над законот се постапките поведени против јавен обвинител, судија, пратеник, службени и одговорни лица.
„Еден од големите предизвици беше опасноста предметите од СЈО да пропаднат, затоа донесовме одлука за преземање на овие предмети. ЈО од СЈО презема три предмети по кои е донесена правосилна пресуда, два предмета за кои е донесена првостепена пресуда, 20 предмети што се во фаза на судење, 19 предмети по кои се спроведува истрага, 6 предмети кои се во предистражна постапка, 80 други предмети кои се однесуваат на предистражна постапка и дел по барање за воспоставување надлежност, 38 по кои се спроведува финансиска истрага и три предмети по вондредни правни лекови“, рече Јовески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Први податоци од гласањето: Орце Ѓорѓиевски има 53.171 гласови, Амар Мециновиќ 27.294
Според податоците објавени на страната на Државната изборна комисија, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски досега има 53.171 гласови, а кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, 27.294.

Македонија
(Видео) Манасиевски: Заедно со народот до уште една историска победа, изборниот процес помина мирно и демократски
„На крајот од овој значаен изборен ден, можеме со гордост да кажеме дека Македонија уште еднаш покажа зрелост, достоинство и демократска свест. Денес, нашата држава помина низ мирни, фер и демократски избори кои се гордост за секој наш граѓанин“, кажа Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој упати огромна благодарност на сите граѓани кои излегоа на гласање и ја покажаа својата одлучност и доверба.
„Сите извештаи говорат дека изборниот ден помина во мирна и достоинствена атмосфера. Тоа е доказ дека Македонија знае да спроведе демократски избори по највисоки стандарди.
Ние како ВМРО-ДПМНЕ очекуваме одличен изборен резултат. Во првиот круг граѓаните го направија вистинскиот избор, а сега во вториот, очекуваме разликата да се зголеми во наш прилог. Очекуваме голема победа!
Знаеме дека граѓаните очекуваат резултати, решенија и нова енергија. Ние таа доверба нема да ја изневериме. Од утре, продолжуваме со работа, со уште поголема посветеност и одговорност.
Во текот на вечерта, на следните прес-конференции ќе почнеме и со објавување на првите неофицијални резултати од гласањето“, извести Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата.
Македонија
Обвинителство: Доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче
Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес во текот на денешниот ден го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори, а во јавните обвинителства беа организирани вонредни дежурства со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи.
Изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес, а до јавното обвинителство во текот на денешниот ден е доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче. Итно се дадени насоки за документирање на настанот кој претставува прекршок, извести Обвинителството.
И покрај мирниот изборен ден, Комисијата на Јавното обвинителство останува активна до целосно завршување на изборниот процес, а сите што евентуално имаат сомненија за кривично дело поврзано со изборниот процес тоа можат да го направат во сите јавни обвинителства во државава или на посебната електронска адреса [email protected]
По сите пријави за кривични дела поврзани со изборите јавните обвинителства постапуваат со приоритет, соопшти Обвинителството.

