Македонија
ЈСП – режим на јавен превоз и работно време на билетарниците и на жичницата за време на новогодишни празници
Од ЈСП информираат дека в сабота (31.12.2022) возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по саботен возен ред, а в недела (1.1.2023 год) по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од вообичаеното, а другите во согласност со неделниот возен ред.
Во прилог распоред на првите вклучувања на сите линии (градски и приградски).
В понеделник (2.1.2023) ќе се вози по неделен возен ред со вообичаените термини на првите вклучувања на сите линии.
Од вторник (3.1.2023) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред поради училишниот зимски распуст.
Работно време на билетарниците и на центрите за персонализација
В сабота (31.12.2022) сите билетарници и центри за персонализација ќе работат до 17 часот, а на 1 и 2 јануари нема да работат.
Работно време на жичницата
Жичницата на 31.12.2022 и на 1.1.2023 година ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.
В понеделник (2.1.2023) нема да работи бидејќи секој понеделник, како и секој последен вторник во месецот, се врши редовен преглед на објектот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

